Како повторно да заспиете откако ќе се разбудите среде ноќ

Честопати ви се случува во текот на ноќта да се разбудите и да не можете повторно да заспиете, а знаете дека наутро ве чекаат бројни обврски кои треба да ги завршите, пишува Independent.

Експертот за сон и спиење, Мајкл Бреус, открива дека постојат две работи што никогаш не би требало да ги направите ако одеднаш се разбудите сред ноќ и сакате повторно да заспиете.

Бреус советува дека никогаш не треба да појдете до тоалет, освен ако не морате. Тој објаснува дека кога ќе појдете до тоалет или одлучите да седнете на креветот, вашите отчувања на срцето се зголемуваат и тешко дека ќе може брзо да заспиете. Ако се разбудите, не го земајте мобилниот телефон и не гледајте во часовникот. Ако погледнете во часовникот вашиот мозок ќе се вознемири и ќе бидете под стрес и тешко ќе заспиете.

Затоа, советува тој, следниот пат кога ќе се разбудите среде ноќ не се движете и не ги држите очите отворени.