Како полицајците знаат дека возите пијани пред да ве запрат?

Возењето пијан е лошо не само за вас како личност, туку и за другите учесници во сообраќајот и безбедноста на патиштата.

Иако управувањето со возило во пијана состојба е една од најголемите и најтрагичните грешки кои можете да ги направите, сепак ви ги издвојуваме најчестите показатели со кои полицајците можат да утврдат дека возите пијани, уште пред да ве запрат.

 - Возење од едната страна на патот кон друга

 - Бавно возење, барем 10км под дозволената граница

 - Хаотично кочење

 - Возење без светла

- Неприкладно застанување  на семафор или пешачки премини

 - Екстремни свртувања

 - Доближување до другите автомобили во сообраќајот

Во случај како возач да забележите вакво однесување, потребно е да ја известите полициската патрола. На тој начин, можете да спасите нечиј живот.

Доколку сте љубители на алкохолот, не возете. Користете такси, градски превоз или превоз со пријател.