Тешките и токсични луѓе се насекаде околу вас. Некои се несвесни  за тоа што го прават, а други пак наоѓаат задоволство од сиот хаос кој го создаваат.

Истражувањата покажуваат дека стресот може да има негативно влијание на мозокот. Долгата изложеност на стресот придонесува за посериозни проблеми и заболувања.  Повеќето извори на стрес е тешко да бидат идентификувани. Сепак, неочекуваните извори на стрес имаат значително поголемо негативно влијание на нашето здравје.

Компанијата TalentSmart има спроведено истражување кое вклучило околу 1 милион луѓе во различни делови од светот, кое утврдило дека една од најдобрите способности е да се неутрализираат тешките луѓе.

Но, кои се стратегиите кои ги користат овие луѓе?

Поставуваат граници

Луѓето кои постојано се жалат и се негативни, постојано зборуваат за проблеми без да размислуваат за проблемите и не размислуваат за решенијата. Тие сакаат луѓето да бидат дел од нивните проблеми за да се чувствуваат подобро. Голем дел од луѓето често чувствуваат притисок дека треба да ги слушаат овие луѓе бидејќи не сакаат да бидат сметани за нељубезни, но постои тенка линија меѓу емпатијата и вовлекувањето  во негативната спирала.

Затоа, тоа што треба да го направите е да поставите граници и да се дистанцирате себеси кога тоа е потребно.

Тие се рационални

Тешките личности се однесуваат налудничаво бидејќи се ирационални. Но, не правете грешка поради тоа. Нивната намера е јасна. Не дозволувајте нивната намера да ве направи и вие да бидете ирационални. Не се обидувајте да ги победите во нивната игра. Наместо тоа, дистанцирајте се  од нив и обидете се да ја задржите својата рационалност. Не морате да реагирате на нивниот емоционален хаос.

Останете свесни за своите емоции

Одржувањето на емоционална дистанцираност бара свесност. Не можете да го запрете нивниот обид да бидат негативни, но тоа што треба да го направите е да останете свесни, без оглед на нивната реакција. Некогаш ќе се најдете во ситуација  кога нема да знаете како да реагирате, но треба да бидете приземјени и да дишите, без да влагате во непотребна дискусија или конфликт со нив.

Тие поставуваат граници

Ова е област каде секој од нас треба да поработи повеќе. Штом успеете да останете свесни, многу лесно ќе успеете да го предвидите нивното однесување и да најдете начин да реагирате на тоа. Поставувањето граници ќе ви овозможи посмирено да реагирате и  да се воздржите од непотребни негативни реакции од вашата страна. Не дозволувајте работите да се одвиваат природно, туку вие бидете тие кои ќе ги постават границите и ќе воспостават контрола врз хаосот кој тие го предизвикуваат.

Тие не се фокусираат на проблемите, туку само на решенијата

Каде го фокусираме вниманието, има големо влијание на нашата емоционална состојба.  Кога го фиксирате вашето внимание на проблемите со кои се соочувате, вие создавате дополнителен стрес. Наместо тоа, кога се фокусирате пак како да го подобрите своето расположение и делување, креирате чувство на лична ефикасност која создава позитивни емоции и го редуцира стресот. 

Кога работите со токсични луѓе, размислувањето за тоа колку се луди или тешки им дава само моќ над вас. Затоа, престанете да размислувате колку е тешка одредена личност и фокусирајте се како ќе се справите со неа. Тоа ви овозможува да воспоставите поголема контрола и да бидете посреќни.

Не забораваат

Емоционално интелигентните луѓе брзо простуваат, но тие никогаш не забораваат. Простувањето им помага да се ослободат од тоа што се случило.  Тие не дозволуваат претерано да се замараат со туѓото однесување и негативност, но не забораваат за штетата што и