Како оставате лош прв впечаток, а не сте ни свесни за тоа?

Колку и да звучи лошо, впечатокот кој го оставаме во првите 30 секунди од среќавањето со некоја личност, можат да влијаат на годините кои следат потоа. Тоа значи дека првиот впечаток е многу важен, а понекогаш изгледа како да немаме право на втор впечаток.

Магазинот Business Insider создаде листа на негативни навики кои треба да ги избегнуваме кога среќаваме нови луѓе. За жал, тоа се нештата на кои не обрнуваме многу внимание, но кои имаат големо влијание на првиот впечаток кој го оставаме.

Најважните од нив се следните:

- постојаното проверување на телефонот

 - постојаното прекинување на разговорот

 - постојаното зборување за себе

 - неможноста да воспоставиме контакт со очите со друга личност

Сите тие оставаат големо влијание на тоа каков впечаток оставаме. Според БИ, луѓето го проверуваат својот телефон постојано во текот на денот. Но, без оглед на тоа дали сте вип личност или пак вработен во некоја услужна дејност, треба да знаете дека личноста до вас заслужува внимание. Запаметете: не праќајте пораки, кога треба да зборувате.