Како облеката сериозно го загрозува вашето здравје?

Модните трендови понекогаш знаат да бидат и прилично болни за љубителите на модата кои не можат да им одолеат. Па, кои се парчињата од вашиот плакар кои се опасни по вашето здравје и на што се должи ова?

Проблем: Хемикалии во ткаенините
Овој проблем е повеќе од очигледен. „Многу хемикалии кои се користат при боењето и обработката на ткаенините може да им сметаат на хормоните во телото, а кога се разложуваат фрлени во природата може дури и да предизвикаат карцином. Често се испуштаат во реките во близина на фабриките. Кај парчињата облека од бројни ланци на улична мода при тестирањето се откриени штетни хемикалии. Решение? Купувајте облека и модни додатоци од локални производители, побарајте помали дизајнери чија производна пракса е транспарентна”, вели Мириам Фалон од Гринпис. 

Проблем: Кондури со висока пета, посебно оние со шпиц врв
Високите потпетици може да предизвикаат бројни деформации што може да резултира со болни операции. Освен ова, не треба посебно да се спомнува колку е тешко да се оди во вакви кондури, а камоли да се потрча по автобус, пишува Huffington Post. Решение: високите потпетици заменете ги со рамни кондури, посебно во деновите кога знаете дека ќе одите многу.

Проблем: Танги кои предизвикуваат вагинални инфекции и инфекции на уринарниот тракт
Освен што знаат да бидат болни и незгодни за носење, можат да „усидрат” бактерии на незгодни места. Доколу тангите се неизоставен дел од вашата гардероба, облечете памучни гаќички барем за спиење, за да ги намалите шансите за инфекција.

Проблем: Долна облека за стегнување
За да го создадат посакуваниот облик на песочен часовник, многу жени посегнуваат по долна облека за стегнување од ликра, која прилично стега и се чини како одлично решение. Но, оваа облека ги притиска и нервите, предизвикувајќи болка и здрвување, а може да предизвика и габични инфекции. Решение: Што поретко користете облека со ваква намена.

Проблем: Претесни фармерки
Не само што се тешки за облекување, а нивното закопчување е невозможна мисија, тесните фармерки се и прилично опасни. Урологот Карен Бојл за АВС вели: „Пореметувањето наречено meralgia parasthetica предизвикува симптоми како здрвеност и болка во горниот дел на нозете, а се јавува кога еден од нервите на надворешниот дел од бедрата е под притисок”. Решение: доколу не сакате да ги исфрлите фармерките од вашиот стил на облекување, побарајте фармерки кои содржат еластин.