Како лошите момци ги привлекуваат жените?

Најверојатно, лошите момци се прав криптонит за жените. Тие знаат дека тоа не е правиот избор, но тоа е посилно од нив, па поради тоа доаѓаме до четири важни ставки која секоја девојка порано или подоцна ќе ги примени кога се лошит момци во прашање.

Таа сака да го "смени". Тоа е таа вечна заблуда, затоа што секоја девојка мисли дека може да го најде патот до неговото меко срце кое е обвиткано во лед. "Јас знам дека тој може да се смени, само ако...", дали можеби ви звучи познато? Нема "ако", нема ништо од таа работа. Подобро најдете си некој друг и воопшто не ни пробувајте. Тој го сака својот имиџ, а што е најважно, тој се сака самиот себе, така што нема потреба да се мачите околу него. Одиме понатака.

Тој живее во моментот и тоа ве предизвикува. Вистина, се е вистина. Нај важно е да сфатите, ако сте добиле момент со него, тоа е се што ќе добиете од него. Ништо трајно, ништо што ќе биде засекогаш, затоа што тој патува таму каде што го носи ветерот.

Добар е за бегство од реалноста. Е, сега, ако сакате авантура- лошото момче и е одлична работа. Со него се ќе биде возбудливо, непредвидливо, интересно, а после одкако ќе завшите и одкако ќе го изживеете моментот, тогаш може да и се вратите на суровата реалност. 

Сега убаво признајте си дека тој е само трофеј. И навистина е трофеј. Секогаш можете да им се пофалите на другарките: "Ех, јас бев со него". Тој и без друго нема намера да има нешто сериозно со вас, и вие тоа го знаете, па ако ништо друго, можете да се пофалите со него.