Како љубовта влијае на организмот

Допаминот е хормон кој создава чувство на пријатност. Поради него, на пример, коцкарите чувствуваат задоволство во игрите на среќа, поврзан е со земањето на дрога, но и – со чувството на љубов. Кога сме заљубени, допаминот се лачи во поголеми количини и тоа создава чувство на меѓусебна припадност.Но,покрај тоа што е сосема извесно дека хормонот на среќа го лачиме поинтензивно во почетокот на една врска, тој може да биде присутен и во долготрајните љубовни врски.Окситоцинот е хормон кој го лачи хипофизата – тој ги поврзува паровите создавајќи потреба за интимност.

Затоа ни се потребни прегратки, бакнежи и допири.Затоа, ако ви се чини дека не ви е потребно ништо друго освен мирна вечер и добар филм, само вие двајца и никој друг, тоа е најверојатно поради окситоцинот.Иако обично се смета дека тестостеронот е машки хормон, тој всушност е важен за двата пола.Мажите имаат повисоко ниво на тестостерон. Тој се појавува во плунката.

Теоријата вели дека при страсен бакнеж тој хормон се пренесува од партнер на партнер и тоа ја зголемува взаемната сексуална желба.Друга можна состојка во “љубовниот напиток” е норепинефринот. Овој хормон на стресот, го зголемува бројот на отчукувања на срцето и може да биде причина зошто вие е топло и зошто сте збунети кога личноста посебна за вас, ќе ве забележи.Понекогаш ќе почувствувате нелагодност – дланките ќе ви се потат, устата ќе ви се исуши, а зборовите тешко ќе можете да ги изговорите.Нашето тело излачува MHC низ потењето, мирисот на телото и плунката.

Научниците тврдат дека различни MHC типови во поголема мера се совпаѓаат кај луѓе кои се во врска. Истражувањата сугерираат дека на база на мирис и вкус можеме да го детектираме нивото на МНС кај другите луѓе, а тие што повеќе се разликуваат, толку е привлечноста посилна.Љубовта на прв поглед е важна, но и носот има важна улога. Хемиските супстанци на феромонот учествуваат во создавање на сексуалната привлечност.Кога ќе се вљубите во некого, неговиот мирис може во значителна мера да допринесе на тоа”.