Како ќе знаеш дека те сакам кога ми е најлошо?

Жал ми е што не ти го кажав ова поскоро. Веројатно ми беше страв дека ќе мислиш дека сум луда. Или непоправливо отидена.

Жал ми е, ама ти ме запозна кога сенките на моја тага беа скриени некаде длабоко. Потоа виде што има зад розевите очила и зад пукнатините на мојот глас. Сведочеше на мојот хаотичен ум и на темнината која ја чував скриена во себе.

Сепак, се уште ме сакаш и јас, дури и кога ми е најлошо, секогаш ќе те сакам.

Затоа што љубовта е дејство исто како што е избор и јас го правам изборот да те сакам, дури и кога чувствувам дека нема повеќе љубов во мене. Не се раководам според она што го чувствувам во моментот, туку според она на кое сум посветена, а ти се имам посветено на тебе.

Затоа, ќе ти помогнам да ги разбереш демоните со кои се борам. Во тие доцни ноќи кога сме стуткани помеѓу чаршафите, јас ќе ја водам твојата рака за да ги милува тие рани кои ја одразуваат мојата слабост, но и мојата сила.

Секако дека болката не е романтична, но таа е вистинска и ќе постои. Но, тоа е причината поради која секогаш ќе го ценам тоа што си покрај мене и покрај се.

После нашите караници кога сум закопана во тишината, ќе посегнам кон тебе за да ме вратиш на површината додека не сум потонала уште подлабоко.

Ќе го држам мојот ум тука некаде, за да бидам присутна во тие мали моменти на радост кога шетаме заедно, зборуваме, јадеме и се сеќаваме на убави моменти, затоа што иднината е подарок и сакам да уживам во неа со тебе.

Затоа што ти вредиш за трудот за да го најдам мојот мир во бурата.

Дури и кога мојот ум не е присутен, моето тело не може, а да не ја искаже мојата љубов за тебе затоа што секогаш копнее по твојот допир.

И покрај тоа што знам да избувнам, сепак одбивам да заспијам лута. Дури и кога си одиме на нерви, ти ме наоѓаш како те гушкам, дури и кога ти ми ги вртиш грбот.

Нема да сметам на тоа да ме поправиш, но ќе се потпрам на тебе да бидеш тука за мене затоа што ти си таков човек и затоа те сакам.