Како ќе знаеме дека сме ја пронашле нашата сродна душа?

Кога во нашиот живот одеднаш ќе се појави некој кој толку многу ќе ни се приближи што делува како да може да ни ги прочита мислите – ние почнуваме да се чувствуваме соголено. Збунети сме. Стануваме ранливи. И како сите останати мускули во нашето тело, срцето и умот исто така стануваат ранливи – раскинати, турнати до границите на издржливост. На тој начин се искусува развојот, само така може да развиеме сила.

Ние, како луѓе, се плашиме од промена и сакаме удобност, но промената е она што ни дава храброст и ни помага да ги победиме сите предизвици кои никогаш не сме мислеле дека можеме да ги надминеме.

Стравот се крие позади егото, позади моќта, па така постои посебна љубов која е резервирана за она величествено, а сепак скромно присуство коешто прави да се чувствуваме откриено и соголено и преку кое ние стануваме подобри луѓе. Ние создаваме моќ која е вкоренета во она што повеќето мислат дека е слабост. Ние наоѓаме сила во ранливоста.

Светот има доволно моќни луѓе со навидум непробојно его, а уште повеќе додворувачи и „да, шефе“ тип на луѓе. Она што навистина ни е потребно се ранливи луѓе. Помалку страв и повеќе храброст. Помалку чад, а повеќе огледала. Она што ни е потребно се нашите сродни души.

Денес, вие можеби комплетно не ги забележувате луѓето кои утре ќе ви значат највеќе на светот – обични луѓе кои ќе ви помогнат да ги промените вашите погледи на свет и со тоа вие го менувате квалитетот на вашето постоење.

Ние реално немаме поим за тоа како или кога ќе ги создадеме тие врски, а сепак, во таа наша колективна замаеност – лежи убавината на животот. Па затоа, следниот пат кога ќе почувствувате дека не правите никаква разлика, размислете за моќта на едно ракување или едно „здраво“, моќ која може да промени еден човек. Никогаш не ја заборавајте оваа моќ.

Вие некому можеби сте сродната душа, за која таа личност никогаш не ни помислила. И ако се прашувате за тоа како ќе знаете и кога ќе се случитоа, запомнете: „Подобро е да живеете живот со неколку „тоа е, се зафркнав“, отколку живот полн со „што ако?“

Најубавите мисли за сродните души

„Сродна душа е личноста чија љубов е доволно моќна за да ве мотивира да си ја запознаете душата, да го направите тој емотивен труд за да се откриете себеси, да се разбудите.“ – Кени Логинс

„Сродната душа не се пронаоѓа. Сродната душа се препознава.“ – Вероника Тугалева

„Сродна душа е некој кој ги има сите брави кои одговараат на нашите клучеви и клучеви кои одговараат на сите нашите брави. Ние се чувствуваме доволно безбедно за да ги отклучиме бравите и тогаш она што навистина сме излегува на површина и можеме целосно да бидеме она што сме. Можеме да бидеме сакани целосно поради тоа какви сме навистина, а не поради нашето преправање. Меѓусебно си ги откриваме најдобрите делови од нас. И без оглед на тоа што ќе тргне погрешно, со таа личност, ние сме безбедни во нашиот сопствен рај.“ – Ричард Бах

„Сродна душа е непретајна и постојана врска со друга личност која душата ја собира одново и одново во различни времиња, места и животи. Ние сме привлечени кон друга личност на душевно ниво, не поради тоа што таа личност е нашето уникатно дополнување, туку поради тоа што со фактот дека сме со таа личност, ние некако стануваме целосни.“ -  Едгар Кајси

„Сродна душа е личност чии погледи на животот не се секогаш исти со вашите, но ги дополнуваат. Не постои компромис, туку дополнување.“ – Пол Робер

„Сродната душа не мора да биде романтична врска. Во животот, понекогаш запознавате луѓе токму во моментот кога ви се потребни и веднаш се оформува некакво поврзување.“ – Алисон Џ. Бејли