Како изгледа кога тато е болен, а како изгледа кога мама е болна?

Велат дека мажите многу потешко се справуваат со настинки и болести, па затоа денес прочитајте една хумористична споредба за тоа како изгледа кога жената ќе се разболи, а како мажот, видено низ очите на едно дете.

Кога тато е болен:

Има болки во грлото, му се прави чај и му се дава мед. Можеби ќе добие и Септолете.

Има грип и мора да одлежи барем неколку денови. Ако работата е посериозна, ќе отиде на доктор после неколку дена убедувања.

Го боли грбот па не смее да крева ништо тешко. Се препорачува лежање, греење на болното место и одмор во секоја смисла.

Многу често е исцрпен од работа, па му се препорачува нешто слично како и кога го боли грбот.

Загрижените роднини, особено блиските, а најмногу мама, му се јавуваат на телефон или доаѓаат лично да го проверат. Болеста кај мажот е семеен колапс, иако сѐ во семејството и натаму функционира, само вие дополнително варите чај, ставате облоги, масирате, и сл.

Кога мама е болна:

Тогаш тоа сигурно е од стрес или можеби ПМС.

Боледува од штитна жлезда која лесно се лечи.

Роднините, поблиските, а особено мама, не се загрижени, само констатираат во која година им се случило тоа и на нив. Ако е порано од вашите години, тогаш имате среќа. Ако е после, тогаш вие сте на вашиот татко.

Боледувањето на мама не е семеен колапс и исто така не го прекинува семејното функционирање.

Докторе, има ли спас за нас?