Како изгледа 35-тата година од животот?

35-тата година значи слобода.

Таа не се грижи што мислиш ти за неа.

Таа предолго учела која е, за сега да дозволи некој да си игра со неа.

35-тата година не прави ништо за да им угоди на другите.

Таа не нуди ништо и сосема сигурно не се помирува со работите.

Таа не дозволува никому да и кажува што треба да прави.

Затоа што колку и да го сака своето семејство и пријателите, таа на потешкиот начин научи дека ако таа не е среќа додека прави нешто, тогаш тоа не треба да го прави.

35-тата година одвреме-навреме е прекрасен хаос.

Таа е посилна отколку што изгледа, но е поранлива од тоа што другите можат да го видат.

35-тата година не се плаши да плаче.

И таа повеќе не бега од љубовта.

Таа има брчки од смеење и линии од насмевки.

Добро се држи и е задоволна.

35-тата година е мека. Има стрии и лузни.

Има тетоважи и омилен пар фармерки.

Таа ги пее своите омилени песни додека се вози во автомобилот со спуштени прозори.

35-тата година има пријатели и семејство.

И денови кои се претвораат во најдобрите ноќи.

Таа има прекрасно плашливо срце, обележано со лузни, а и самата има скршено неколку срца.

Зад себе има оставено лоши одлуки и прекрасни спомени.

35-тата година има детски прегратки.

И никогаш не се уморува од тоа да го слушне најпрекрасното: „Добро утро, мамо!“

35-тата година е едноставна.

Таа научила.

35-тата година знае дека најдобрите години од нејзиниот живот се ушт не се случиле.

Да, така изгледа 35-тата година.