Како интровертните личности ги избираат своите партнери?

Интровертите најчесто  им се восхитуваат на луѓето од далеку. Тие тивко ги набљудуваат оние кои им се допаѓаат долги месеци пред да започнат дури и најмал разговор.

Интровертните личности поминуваат време размислувајќи дали вреди да се ризикува, бидејќи тие не сакаат да губат време. Тие мразат да им се отвораат на луѓето кои мошне брзо ќе си заминат. Тие се личности кои никогаш не претстануваат да размислуваат, да ги анализираат луѓето и да им покажат колку специјални се тие.

Интровертните личности се одлични за оценувањето нечиј карактер. Тие сакаат нештата да ги прават полека и не сакаат да зборуваат со странци, па затоа развиваат спонтаност полека само со оние личности за кои се заинтересирани, но не со сите оние кои ќе ги сретнат.

Ним им е потребно многу време за да се отворат, но штом го направат тоа, таа личност станува нивниот свет. Тие сакаат со цело срце. За нив е полесно да ги изразат своите чувства на хартија отколку во живо и затоа од нив секогаш ќе добивате пораки за добра ноќ и добро утро. Тие се личности кои секогаш ќе ве прашаат за тоа како поминал вашиот ден.

На интровертните личности им е потребен некој  кој не се плаши прв да им испрати порака или да постави прашање. Некој кој може да го преземе лидерството и да биде искрен со нив. Тие ја ценат искреноста повеќе од се. Тие сакаат личност која е слична на нив, некој кој е среќен да ја помине ноќта во домот, наместо на луда забава, некој кој повеќе цени квалитетно поминато време отколку гужва со луѓе кои нема да ги сретнете повторно.

Тие влегуваат во врска само со луѓе со кои се чувствуваат пријатно.  Ако интровертна личност се заљуби во вас, можете да се сметате за среќни. Тие секојдневно ќе ви покажуваат колку им значите и ќе ве ценат како никој друг на светот. Тие не сакаат многу луѓе, но штом ќе ви го дадат своето срце, тие се вашата личност засекогаш.