Како хороскопските знаци си го уништуваат својот љубовен живот?

Што прават хороскопските знаци  со што негативно влијаат на своите љубовни врски?

Овен

Вие го уништувате својот живот со тоа што дозволувате токсичните луѓе да ви ја земат цела енергија. Штом ќе се заљубите, мислите дека ви се многу потребни во животот. Но, реалноста е дека никогаш нема да бидете среќни кога дозволувате другите да не ве почитуваат.

Бик

Вие ја уништувате љубовта со тоа што сакате да играте на сигурно. Не сакате да преземате ризици и се плашите од тоа дека ќе бидете повредени, поради некои нешта што се случиле во минатото. Сакате луѓе кои се пријатни за вас и кои целосно ви одговараат. Но, заслужувате личност која малку ќе ве  предизвика.

Близнаци

Вие постојано се лажете себеси за тоа што го сакате. Вашата неспособност да донесете одлуки ве тера да донесете   многу лоши одлуки, да влезете во врска со луѓе кои не ви одговараат или пак да ги оставите оние кои се одлични и вистински ве сакаат.

Рак

Го уништувате својот љубовен живот со тоа што не зборувате за своите потреби со партнерот. Треба да знаете дека врските се составени од две личности, но доколку само едната ги изразува своите потреби и прави компромиси , тоа не е доволно за да успее љубовта.

Лав

Ја уништувате љубовта по тоа што криете како се чувствувате. Мислите дека чувствата ве прават слаби и дека ранливоста и плачењето ве прават да делувате како нестабилна личност. Ги отфрлате ваквите чувства бидејќи не знаете како да ги изразите. Поради тоа, често сакате луѓе со многу емоции, но вашата неможност да ги искажете своите чувства е голем проблем за секоја врска во која ќе влезете.

Девица

Ја уништувате љубовта со тоа што постојано го барате совршениот партнер. Имате цела листа во глава за тоа што треба да го исполни другата личност. Без оглед на тоа колку некој се обидува да ви покаже дека ве сака, вие постојано ќе се обидувате да најдете недостаток. Треба да бидете среќни со тоа што го имате, без постојано да го барате подоброто.

Вага

Го уништувате својот љубовен живот со тоа што не ги гледате луѓето онакви какви што се. Сакате да верувате во добрите намери на луѓето, но тие не се секогаш најдобри и тоа го крши вашето срце.

Шкорпија

Го уништувате својот љубовен живот по тоа што не им давате шанса на луѓето. Вие се затворате пред луѓето поради стравот од ранливост. Мислите дека така покажувате слабост и затоа се откажувате од сите шанси на првата препрека.

Стрелец

Ја уништувате љубовта со тоа што сакате секогаш  сакате да бидете силните и мислите дека со сите нешта треба да се справувате сами. Понекогаш треба да признаете дека ви треба помош. Затоа се и самите врски и љубовта. Заслужувате длабока љубов и посветеност, но не секогаш се однесувате како да го сакате тоа бидејќи во врските делувате како единка.

Јарец

Јарците си ги уништуваат своите врски со тоа што се плашат што другите мислат за личноста со која се, отколку за тоа каква е самата личност. Ако таа личност ве прави среќни, треба да сфатите дека сега е доволно.

Водолија

Ја уништувате љубовта со тоа што се обидувате другата личност да го исполни празниот простор во вашето срце. На тој начин, наместо да се задржите со една личност, одите од една личност на друга. Не сфаќате колку луѓето се грижат за вас, и постојано одите низ врските без да најдете вистинска љубов.

Риби

Рибите го уништуваат својот љубовен живот со тоа што секогаш „паѓаат“ на исти луѓе. Сепак, тоа се граничи со лудило и им носи многу проблеми во врските. Заслужувате многу повеќе одошто прифаќате во животот.