Како ги празнуваат новогодишните празници на Балканот –Македонците ќе одмараат само на 1 и 8 јануари

Министерството за труд и социјална политика на Црна Гора соопшти дека за претстојните празници Нова година и верскиот празник Божик, неработни денови во земјата ќе бидат 1 и 2 јануари, како и  7, односно 8 јануари 2018 година за припадниците на православната вероисповед.

Неработни денови во Албанија ќе бидат и 1 и 2 јануари, додека 8 јануари за припадниците од православна вероисповед.

Според податоците на Министерството за труд на Србија неработни денови во земјата ќе бидат 1 и 2 јануари за Нова година, како и 8 јануари за православен Божик.

Жителите на Босна и Херцеговина нема да работат за 1 и 2 јануари. Според Законот за пранзици во Федерацијата БиХ, Нова година се слави на 1 и 2 јануари, додека за божикните празници 8 јануари ќе биде неработен само за лицата што го одбележуваат овој верски празник.

Населението на Косово по повод претстојните празници нема да работат на 1 и 2 јануари, како и 8 јануари за верниците од православна  вероисповед.

Жителите на Македонија за време на претстојните празници ќе имаат два неработни денови. Според законот за празници неработни денови се 1 јануари и 8 јануари за православен Божик за сите сите граѓани.

За време на претстојните празници за жителите на Хрватска нерабоен ден е 1 јануари за Нова година.