Како е да се живее во зградите кај ГТЦ? (фото)

-Живема повеќе од 50 години токму во една од кулите над ГТЦ, станот го наследив од својот татко кој е еден од првите жители овде, пред многу години, трговскиот не постоеше пред зградите имаше празен простор. Тогаш урбанистичката конструкција на центарот на градот Скопје била доста поразлична од денешната. На тоа место пред многу години се наоѓала улицата „Пеонкаре“, подоцна позната како „Ленинградска“. Отако се изгради трговкиот местото стана раздвижено. Кога ќе кажам дека живема кај ГТЦ, ме прашуваат дали ми смета таа врева, раздвиженост...Но, се е до навика, дел од моите комшии се одеслија барајќи помирно место. Но, јас сеуште сум тука и тука ќе останам ова е моето маало, спомен, детство...Дел од становите во зградите се издаваат и се фирми додека другиот дел има сеуште жители стари скопјани кои си останале овед, ни раскажува чичко Васил.

Денешниот Градски трговски центар и некогашната црква „Св. Константин и Елена" на спонтан начин, засекогаш се споија во едно. Две легенди, од две времиња, секоја на свој начин, многу им значат на скопјани. Просторот каде што се наоѓаше црквата, стана дел од градбата на трговскиот центар.

Во првата половина на 1966 година, кога стручната служба на Заводот за станбенокомунално стопанисување повела иницијатива за изградба на нов деловен простор. Во средината на истата година, добиена е локацијата за објектот од страна на Заводот за урбанизам и архитектура на градот Скопје. На крајот на годината било донесено решение да се распише општ југословенски конкурс за изработка на идејно решение за Градскиот трговски центар. Постоел огромен интерес, пристигнале 23 елаборати од кои неколку биле наградени и откупени. Петмина од наградените автори биле повикани на повторен конкурс. Така е изработен идејниот и главен проект, со проектанти за разни инфраструктурни потреби на објектот. Проектанти на архитектонскиот дел биле дипл. инж. архитекти Тихомир Арсовски, Живко Гелевски, Лидија Маркова, Живко Поповски.

Откако биле завршени сите главни проекти, изградбата на Градскиот трговски центар почнала на 11 октомври 1969 година. Истата година формиран е деловен одбор за управување со изградбата, а во 1971 година назначен е генерален директор. Во 1972 година завршен е централниот дел на ГТЦ, а во 1973 година трговскиот центар веќе нормално функционирал како комплекс.

Според некои сведоштва на жители во овој дел на градот, станувало збор за ѕид со специфична градба од камен и тула препознатлива за сакрална градба. Тој ѕид бил оставен во темелите на трговскиот. Нивниот претпоставен при тогашната работа постојано ги предупредувал дека е тоа свето место на кое треба да внимаваат. За време на паузите и при одморот палеле свеќи околу него.

Помладите исто така се сеќаваат на тие остатоци, постојаната потреба од нови простории во подрумите, токму тој ѕид бил прекриен со плочки. Инаку, црквата „Св. Константин и Елена" е осветена 1926 година и била култно место за скопјани сѐ до земјотресот од 1963 година.