Како до сезонска работа со македонски пасош и кои работници се бараат

За сезонска работа најчесто се одлучуваат студентите и младите невработени лица, но се почесто за овој чекор се одлучуваат и оние луѓе кои се наоѓаат во години. Собирачи на овошје и зеленчук, дадилки, угостителски работници, фотографи... Ова се само дел од занимањата за кои се бараат сезонски работници во нашето соседство.

За тоа колку е популарно сезонското собирање на овошје и зеленчук во Србија говори податокот дека сопствениците на различните посеви од година во година бараат се повеќе работници во Србија, но и надвор од неа. Сопстевниците или закупниците на овоштарниците за собирање на малини, капини, јаболка и праски нудат дневница од 15 до 20 евра, а во средината на месец јули дневницата за собирање на боровници достигнува до 2.000 денари. За сезонците е обезбедено сместување и храна. 

Работниците кои ќе се одлучат да работат во Србија во земјоделскиот сектор се платени помалку, но и тие заработуваат привлечни дневници во екот на сезоната. За собирање на сено сезонските работници добиваат по 1,5 евра саатница. Оние кои работат во угостителството заработуваат до 20 евра на ден плус големи бакшиши и бонуси кои зависат исклучиво од нивната вештина. Локалните фармери вработуваат и луѓе кои привремено ќе внимаваат на овците, а за оваа работа се плаќа до 400 евра месечно, притоа се обезбедени трошоците за сместување и храна. 

Освен овошје, се собираат и домати, краставици и пиперки. Овие занимања се платени по собран килограм па така за 3 собрани килограми се заработува по 1 евро.  За истата количина собрани јагоди во Финска би добиле околу 3 евра.

Во Црна Гора постои голема побарувачка за готвачи, келнери и други помошни работници. Македонските готвачи кои ќе успеат да заминат на сезонска работа во Црна Гора може да заработат до 1.200 евра месечно. Келнерите заработуваат до 500 евра плус големи бакшиши, а исто толку земаат и помошниците во кујна. Отворени се и работни места за на брод за кои се плаќа по 1.000 евра на месец.

На Хрватското приморје собарките заработуваат по 700 евра месечно, додека продавачите на сладолед 100 евра помалку. Туристичките водачи заработуваат по 600 евра, готвачите и пица мајсторите по 1.400 евра, дадилките по 500 евра и келнерите по 1.000 евра. Разликата помеѓу Хрватска и Црна гора е во тоа што голем дел од хрватските газди не ви ги обезбедуваат сместувањето и храната.

Се попопуларна дестинација за младите станува и Грција. Во оваа земја како фотограф може да заработувате по 1.600 евра. Покрај фотографи, тука примаат и продавачи во кожни продавници, спасувачи и бармени. Платата на кожните работници и спасувачите се движи околу 700 евра, а бармените заработуваат до 45 евра на ден.