Денешното брзо живеење ни носи многу стрес и изложеност на нашиот организам на различни негативни фактори. Токсините во нашето тело настануваат од стресот, но и од воздухот, водата и храната.

Кога нешто не е во ред со нашето здравје, телото секогаш ни испраќа сигнали. Ова се некои знаци дека ни е потребна детоксикација.

Чести промени во расположението

Стресот е лепак за токсините кои го ослабуваат организмот до таа мера што доаѓа до намалување на енергијата и телото поради чувството на страв, нервоза, лутина и љубомора. Научете да се опуштите и најдете ги работите кои ви одговараат за тоа. Дајте си мир неколку пати во текот на денот, ослободете се од лошите навики и минимизирајте ги стресните ситуации на кои можете да влијаете.

Надуеност

Брзиот дневен ритам придонесува да јадеме преработена и нездрава храна, па потоа наталожените шеќери и масти во комбинација со стресот го успоруваат нашиот метаболизам и предизвикуваат проблеми со варењето и надуеност. Во овој случај патата цревата кои не ја извршуваат својата примарна функција за апсорпција на хранливите материи што предизвикува лажно чувство на глад што потоа води до прејадување и недостаток на енергија. Затоа, во исхраната треба да се внесат состојки кои ги елиминираат токсините од телото, како лимон, свеж зеленчук и овошје, житарици од цело зрно и пијте чаеви од коприва и бреза.

Недостаток на концентрација

Падот на концентрацијата придонесува за намалена ефикасност и ефективност носи и намалена волја за работа. Треба да знаете дека и кога имате премногу работа, потребни се паузи, потребна е храна која одржува бистар ум и добар фокус и концентрација и потребно е да минувате време на свеж воздух. Доколку забележите дека и покрај ова, проблемот со концентрацијата се уште постои, внесете одредени суплементи во исхраната и дадете си дводневен одмор, настрана од работата и технологијата.

Лож квалитет на кожата

Масната кожа и испуканите капилари се последица на токсините кои се наталожуваат во телото. Тоа дополнително предизвикува и акни и бубулици, но и слични несовршености на кожата. Затоа, во секојдневната рутина треба почесто да пиете вода, да се занимавате со физичка активност, да правите редовен пилинг на кожата и да минувате време во природа, барем за време на викендите.

Добар ефект на кожата имаат и здравите напитоци. Додајте состојки кои се одлични за кожата. Некои од нив се лененото семе, ѓумбирот и кокосовото масло.

Потреба за нездрава храна

Нездравите оброци не се потреба, туку само лоша навика. Кога имате зголемена потреба за лоша храна, тоа е индикатор дека имате токсини во телото кои предизвикуваат дополнителен проблем. На тој начин, вие сте научени на тоа и лошата храна е ваша навика.

Добро би било да пиете свежо цедени сокови и смути. Потрудете се да ги исфрлите јагленохидратите и месото од исхраната. Наместо преработена храна, секогаш избирајте здрави оброци.