Како да знаете дека луѓето околу вас имаат задни намери?

Живееме во време кога има се помалку искрени луѓе, а се повеќе луѓе кои имаат задни намери и сакаат да ве искористат, без око да им трепне. Не е секогаш лесно да се препознаат, но има начини и техники за тоа. Ова се само дел од нив:

Се се врти околу нив

Луѓето кои имаат скриени намери не знаат да зборуваат за ништо освен за самите себе. Тие можеби ќе се преправаат дека се заинтересирани за вас и за вашиот живот, но секогаш завршуваат со тоа што зборуваат за себеси и за тоа што го сакаат.

Употребуваат различни тактики за да ве убедат во нешто

Ако една тактика не успее, тие ќе се обидат со нешто друго... па пак нешто друго, па пак нешто друго. Нивната цел е да манипулираат се додека не го добијат тоа што го сакаат. И тие нема да се откажат се додека не го постигнат. Обрнете внимание и не дозволувајте да паднете во замката.

Необичен говор на телото и контакт со очите

Манипулаторите постојано лажат. Но и најдобрите манипулатори не можат целосно да го контролираат говорот на телото и контактот со очите. Тие ќе изгледаат како да им е неудобно и ќе им биде незгодно да воспостават контакт со очите. Затоа, држете ги очите отворени.

Секогаш зборуваат за истата работа

Луѓето со задни намери не престануваат да зборат за тоа што го сакаат. Што и да сакаат од вас, ќе го спомнуваат секогаш кога ќе се видите. Ќе зборат и ќе зборат, се додека не ве убедат дека тоа што го сакаат од вас е добра идеја. Не влегувајте во нивната мрежа од интриги.

Имате лошо претчувство

Ако имате лошо претчувство, НЕ ГО ИГНОРИРАЈТЕ. Еден од начините како да препознаете задни намери е тоа како прават да се чувствувате. Ако имате лошо чувство, тогаш тоа многу кажува.