Се прашувате како да го освежите домот и да внесете среќа, радост и забава? За тоа е потребно да исфрлите се што ве нервира и тоа е единствениот начин како да ја истерате негативната енергија од вашиот дом.

Со отстранувањето на работи од вашиот дом, работи кои не ги користите, се ослободувате од предметите кои не носат радост во вашиот дом.

Сами на себе си ветивте дека слободниот ден ќе го искористите конечно темелно да ја исчистите куќата и да се решите од вишокот работи за кои чувствувате дека ве гушат и дека ги во нарушуваат животниот простор?

Мери Кондо во книгата „Животот: Чудесната магија на раскревањето“, на многу уникатен начин ве советува како да се ослободите од нередот и хаосот. Она што ја издвојува од останатите советници е погледот кон чистењето – тоа не е поради познавање на својот простор, туку познавање на самиот себе.

Кондо вели дека чистењето е вештина, а не талент, па затоа не се обвинувајте што не знаете како да чистите, всушност, не може да чистите ако никогаш не сте научиле како се прави тоа. Ова особено важи за оние кои се увериле самите себе дека едноставно се неуредни и дека се изгубени случаеви. Чистењето е како чекорите во танц, едноставен телесен чин кој секој може да го научи. Ова се чекорите:

1. Одлучете дали ќе фрлите нешто или ќе го задржите.

2. Одлучете каде ќе го ставите она што ќе го задржите.

Можете да си верувате на себе и своите чувства – на дадените чекори додадете им чувство: додека чистите, почувствувајте ги работите. Ако почувствувате среќа, задржете го предметот. Кондо е уверена дека не можете да се излажете и дека со слушање на чувствата на среќа врзани со тоа што го имаме на крајот ќе останеме со нормална количина на работи и предмети.

Не споредувајте се со никого. Кондо истакнува: „Вие сте стандардот“. Својот процес на чистење не можете да го споредите со ниту еден друг. Навалата на чувства кои ви кажуваат што да задржите, а што да фрлите е само ваша и посебна.

Бидете спремни и да завршите, не само да почнете. Не ја трошете цела енергија на извлекување на работите кои ги имате. Прашањето е дали ќе има волја повторно да почнете со местење за да ги преместувате. Ако нешто правите правете го до крај.

Предметите не се толку важни – вие сте најважни. Кога станува збор за облеката, книгите и ситниците, Кондо вели: „Нашите спомени не се она што треба да го чуваме, туку личноста која сме станале благодарејќи на тие искуства.“ Кога ги прегледувате вашите работи и одлучувате што треба да фрлите, го разгледувате своето минато.

Со отстранување на работите кои не ги употребувате и кои не носат радост во вашиот дом, се ослободувате и од работите кои не носат радост во вашиот живот. А кога нешто носи радост во вашиот плакар или живот – тоа го задржувате. Баш толку е едноставно.