Како да уживате во својот дом, на овие студени денови?

Ова е една од најстудените зими, велат сите седнати во топлиот дом. Иако не можеме да минуваме многу време надвор, сепак тоа не значи дека не можеме да се опуштиме во топлината на нашиот дом.

Но, како?

Наспијте се

Надоместете за сиот замор кој го имате и бессоните ноќи од изминатиот период. Дајте им одмор на вашиот ум и тело.

Видете се со пријателите

Седнете на Скајп или Фејсбук или повикајте ги во својот дом на топол чај или варено вино.

Исчистете го плакарот

Дадете ги работите кои веќе не ви требаат и видете со која облека располагате. Направете си комбинации.

Испланирајте го летниот одмор

Има ли подобро време да бидете заинтересирани и возбудени за летниот одмор од студените денови? Проверете ги понудите и сајтовите со интересни места и полека, носете одлуки.

Направете си одлично ново јадење

Испробајте нов рецепт и направете нешто ново и различно.

Напијте се чај

Направете си топол чај со вашиот омилен вкус и уживајте во топлиот пијалок.

Направете си пуканки и пуштете филм

Кога последен пат сте изгледале добар филм? Најдете нешто што ви одговара и опуштете се.

Вежбајте

Ако го обожавате вежбањето, не очајувајте. Пуштете видео на интернет и вежбајте во својот дом.

Направете топло чоколадо

Изберете меѓу многуте рецепти на интернет и уживајте во зимскиот, убав вкус.

Прочитајте книга

Понекогаш велиме дека не можеме да читаме книга бидејќи немаме време да ја довршиме. Изберете нешто лесно, нешто што ви одговара и уживајте во топлото попладне во вашиот дом.

Гушкајте се

Со вашата сакана личност, со децата, родителите или домашните миленичиња. Или пак со вашето зимско ќебе.

Направете си топла бања

Наполнете ја кадата, додадете убав мирис и опуштете се во топлата вода.

Исчистете го својот компјутер

Средете ги старите фотографии, исчистете ги нештата кои не ви требаат.

Пуштете си музика

Пуштете си зимски песни кои ќе ве расположат или пак летни хитови кои ќе го донесат летото во вашиот дом. Изборот е ваш!