Како да спречите дијабетес

Секоја година сè повеќе и повеќе луѓе низ светот заболуваат од дијабетес. Во поголемиот број случаи, кога болеста станува хронична, дијабетичарот мора да се потпира на инјекциите со инсулин. Не постои лек за дијабетесот, но затоа здравиот начин на живот и здравата исхрана можат да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта. 

1. Вежбајте редовно.

Главен предизвикувач на дијабетес е зголеменото ниво на шеќер во крвта. Тоа најчесто се случува кај луѓето што имаат бавен метаболизам и зголемена гликоза. Секојдневната физичка активност го забрзува метаболизмот, па затоа вежбањето е клучно во превенцијата од дијабетес.

2. Избегнувајте транс-масти.

Намирниците што содржат масти предизвикуваат дебелина, која исто така е еден од предизвикувачите на дијабетес. Зголеменото ниво на транс-масти во организмот може да доведе до многубројни проблеми со срцето, па затоа најдобро е да се избегнуваат намирници како што се грицките и брзата храна.

3. Јадете намирници богати со влакна. 

Кога јадете храна богата со влакна, гликозата полека се ослободува, а тоа го спречува растот на нивото на шеќер во крвта. Јадете многу зелен листест зеленчук, бидејќи со тоа ќе го подобрите дигестивниот систем.

4. Избегнувајте рафинирани јаглехидрати.

Избегнувајте да консумирате рафинирани јаглехидрати. Тие се наоѓаат во бонбоните, слатките и сувите житарки, и влијаат на дебелината.

5. Не пијте премногу кафе или чај.

Докажано е дека луѓето што пијат повеќе од четири шолји чај или кафе на ден, имаат поголема можност да станат дијабетичари.

6. Јадете често. 

Консумирањето чести, мали оброци исто така може да ви помогне да го регулирате нивото на шеќер во крвта. Затоа, препорачливо е да јадете мали оброци 5 до 6 пати дневно.