Вашиот живот е вашето најголемо ремек-дело кое можете да го создадете. Но, за да го направите ова, прво мора да го дизајнирате. Како? Морате да имате визија или слика за тоа како треба да изгледа. Откако ќе го направите тоа, тогаш можете да почнете да го градите.

Овие прашања можат да ве водат низ вашето дизајнирање:

Како го опишувате вашиот живот кога сте најздрави, најсилни и најдобри?
Како ја поврзувате вашата семејна ситуација со вашата потрага по успех?
Што ви е најважно во животот?
Кои приоритети се ваш најголем поттик во текот на денот?
Што е она што прави да се чувствувате живи?
За што сте родени?
Што правите за да ја живеете и споделувате вашата цел?
Како сакате да го опишете вашето животно искуство кога ќе се навраќате на него?
Како сакате да се чувствувате?
Што би сакале да постигнете во животот?
Какво наследство ќе оставите?

Овие прашања се важни затоа што иако некои луѓе мислат дека градат ремек-дело, сепак тие создаваат бучава од неважни работи.

Кај некои луѓе, одговорите на овие прашања ќе водат кон промена на кариера, затоа што тие се обидуваат да размислуваат на тоа. Но, за повеќето, се работи за огромна промена која ќе го прилагоди вашиот живот на визијата и дизајнот кој го имате за него. На пример, можеби треба да вежбате и поздраво да се храните. Или можеби треба да поминувате повеќе време со вашето семејство, затоа што вашето ремек-дело вклучува прекрасни односи со вашите деца. А можеби ќе сфатите дека вие не посветувате доволно време на вашите приоритети и затоа вашето ремек-дело не се развива онака како што би требало.

Како и да изгледа вашето ремек дело, вашиот дизајн ќе ви помогне да видите што треба да направите или што треба да престанете да правите, да создадете. Навистина е потребно да се вложи труд за некој да престане да се труди да изгради нечие туѓо ремек-дело и да се фокусира на создавањето на ремек-делото за кое се родени.

Понатаму, добро е да останете позитивни додека се преместувате од фазата на дизајнирање во фазата на создавање, затоа што дефинитивно ќе имате предизвици. Но, запамтете дека негативните мисли не можат да решат ништо, напротив ќе прават само поголема штета.

Бидете флексибилни и прилагодувајте се на процесот. Океј е да ги менувате плановите, особено кога вашите планови треба да ве водат кон остварување на вашиот мастер план.

Да заклучиме: Осигурајте се дека ќе ги изберете вистинските навики затоа што тоа би влијаело на тоа кои сте вие и на вашите секојдневни планови. Вашите навики ќе го трансформираат вашиот дизајни, визија и планови во вашето ремек-дело.

Денес ја имате можноста да ја претворите вашата обесхрабрена состојба на ум во моќна реалност и живот со цел.

Денес е нов ден кој ви е даден вам на обликување. Вие ги имате алатките, па затоа излезете и создадете го вашето ремек-дело.