Како да создадете клучни антитела што уништуваат вируси?

Секојдневните навики играат голема улога во одржувањето на имунитетот силен, а ако тие се правилни, со самото тоа организмот полесно се бори против вирусите и другите негативни влијанија.

Еве што може да ви го зајакне имунитетот, освен здравата и правилна исхрана!

Пред се’ – насмевнете се

Смеењето е еден од триковите како да го зајакнете имунитетот. Тоа го зголемува бројот на антитела во крвта и во белите крвни зрнца, кои ги уништуваат бактериите и вирусите. Исто така, се зголемува бројот на антитела во слузта во носот, што е и првата одбранбена линија при напад на вируси, па полесно ќе ги елиминира.

Пејте!

Едно истражување спроведено во Германија покажало дека пеењето ја активира работата на црниот дроб, што ја зголемува концентрацијата на антитела во организмот, а сето тоа резултира со посилен имунитет. Ако не ви се пее пред сите, пејте под туш!

Останете во форма – вежбајте!

Не се откажувајте од физичките активности иако повеќето спортски сали ги затворија своите врати. Некои експерти препорачуваат да вежбате на чист воздух, а можете и во дневната соба! Само 30 минути се доволни за да го зајакнете организмот и да останете здрави.

Уживајте во опуштањето и сонот

Држете го нивото на стрес под контрола. Напнатоста и стресните ситуации може да ги одбегнете со учество во релаксирачки активности, како јога, вежби за дишење и за опуштање на мускулите. Спијте. За време на сонот, хормоните му помагаат на вашето тело да закрепне и повторно да се обнови. Ако континуирано спиете премалку, вашиот имунитет е во опасност.

Витамини, витамини, витамини

Тие директно го зајакнуваат дејството на имунолошкиот систем. Зголемете го внесувањето на витамин Ц, витамин А, бета каротен, витамин Е и селен. Витаминот А го намалува ризикот од инфекции. Железото го зајакнува имунитетот преку низа важни ензими. Цинкот игра важна улога во нормалниот раст и го зголемува производството на антитела. Сите витамини можете да ги најдете во свежите намирници, па внимателно одбирајте ги своите оброци или внесувајте ги во организмот преку додатоци во исхраната.

Овошјето и зеленчукот го чуваат здравјето

Секогаш имајте многу свежо овошје и зеленчук на маса. Консумирајте ги како свежи напивки, додатоци во салатите и оброците или како самостоен меѓуоброк.

Не заборавајте на течностите

Инстинктивно посегнуваме по чај кога сме болни, знаејќи дека топлата напивка го храни имунитетот, а варијацијата на билки во него може да помогне во борбата против инфекции. Бостонските научници откриле дека лицата кои секојдневно пијат пет до шест шолји црн чај, го зајакнуваат токму оној дел од имунолошкиот систем што се бори против инфекции.

Намалете го внесувањето калории и одбегнувајте токсини

Ограниченото внесување калории во организмот ги зајакнува клучните клетки на имунолошкиот систем кои се борат против инфекции. За здрав и силен имунитет важно е да одбегнувате никотин и алкохол.

Негувајте само позитивни мисли

Негативните мисли влијаат негативно и врз имунолошкиот систем, па затоа пренесувајте само позитивни мисли.

Хигиена

Сите знаеме дека најлесно е да се заразиме преку нечисти раце, па затоа, редовно мијте ги, но и внимавајте каде ги ставате и не го допирајте лицето со нечисти раце.