Како да се зачува психичкото здравје во тешки времиња?

Периодов е исклучително тежок и стресен за сите, постојано следиме вести за да бидеме во тек со сите новости кои пристигнуваат. И самиот збор „коронавирус“ нѐ плаши и нѐ тера да купуваме брашно, тоалет и други производи.

Во сегашните околности, тешко е човек да стои на страна и да се труди да функционира на вообичаен начин. Денес ви презентираме ефикасни техники кои и експертите на Светската здравствена организацја ги препорачуваат и кои ќе ви помогнат да го зачувате здравиот разум и во овие немирни времиња. Не заборавајте, менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото. 

Немојте постојано да следите вести

Не го трошете сето слободно време на читање вести и гледање различни содржини кои не влијаат позитивно на вас. Најдобро е да си определите точни чесови кога ќе ги читате вестите, а во остатокот од денот да правите нешто друго.

Внимателно избирајте ги изворите

Имајте на ум дека голем дел од работите на интернет не се вистинити. Важно е да се знае дека во медиумскиот простор се шират многу дезинформации. Држете се до официјални информации од институциите или Светската здравствена организација. 

Правете пауза од социјални мрежи

Блокирајте и одследете ги страниците кои ви предизвикуваат загриженост. Немојте цело време да бидете на социјални мрежи и посветете се на некоја активност која ве смирува (читање, цртање, јога).

Разговарајте со луѓе

Ако веќе мора да бидете во самоизолација, обидете се да разговарате со пријателите и семејството барем преку телефон или видео-повик. Заедно со семејството можете и да играте друштвени игри или да гледате филмови

Ублажете го стресот и нервната напнатост

Препознајте ја анксиозноста која ви ги замаглува мислите, запрете и неколку пати длабоко вдишете и издишете. Целосно сосредоточете се на дишењето. Кога возбудувањето ќе помине, вратете се на она што сте го правеле претходно.