Како да се вратиш во нормала кога животот ќе те предаде?

Проблемите ве скршија! Тоа се гледа на вашето лице, на вашето тело, но и по вашите мисли. Без оглед на тоа колку се трудите, не можете да престанете да размислувате за проблемите.

Поради тоа, имате чувство дека телото ви е тешко, а мозокот одбива послушност.

Обидете се низ целата оваа ситуација да одите чекор по чекор.

Спијте како да не постои утре

Вашето тело е механизам кој беспрекорно функционира. Поради тоа е потребно редовно да го исклучувате за машината на прегори. 8 часа мирен сон е се што ви е потребно.

Научниците откриле дека мозокот се чисти од отрови за време на осумчасовниот сон. Доколку не можете да одбиете баш 8 часа, тогаш одвојувајте 30 минути  за секојдневно дремење. Таа навика ќе му помогне на вашето тело да го помине денот.

Размислувајте додека јадете

Поточно, размислувајте за тоа што јадете и кога јадете. Оваа навика е многу важна. Пред се ќе ви помогне да го сфатите вашето тело сериозно и ако размислувате за тоа што јадете, тоа значи дека ќе јадете поздраво. Никој свесно не би го труел своето тело. Развивањето на оваа навика ќе ве направи поздрави, а со тоа и посреќни.

Баталете го кафето

Кофеинот ќе направи вашето срце да чука побрзо. Доколку веќе сте под страс, дополнителен стимул нема да ви биде потребен. Време е кафето да го замените со здрав напиток. Наша препорака е топла лимонада со мед која ќе направи вашето тело да се исчисти од отрови.

Вежбајте

Ако досега не сте вежбале, сега е дефинитивно време да почнете да вежбате. Не мора тоа да биде некој сериозен спорт. Доволно е секој ден брзо да одите по 30 минути. Уште подобро е ако е надвор свежо времето. Утринското вежбање ќе го изостри вашиот мозок.

Уживајте во тишина

Не морате да медитирате. Доволно е дневно да одвоите по пет минути осамени во тишина за да го освежите мозокот од надворешни влијанија. Науката вели дека луѓето кои редовно медитираат полесно се соочуваат со проблемите и побрзо носат ефикасни животни одлуки.

Водете сметка за својата кожа

Можеби звучи смешно, но здрава кожа создава среќна личност. Воведете вечерни рутини за нега на кожата. Тоа ќе ви помогне повеќе да се грижите за себе. Ако повеќе се грижите за телото, повеќе ќе се цените себе.

Хранете ја својата душа, изгладнувајте го вашето его

Пораката е едноставна: читајте книги и слушајте музика која ве прави среќни. Одете на долги прошетки, негувајте се. Заборавете ги приказните за другите луѓе. Избегнувајте енергетски вампири... Игнорирајте ги луѓето кои ве прават несреќни и незадоволни.

Верувајте и на својата интуиција

Ако чувствувате дека нешто е добро, не размислувајте за тоа, туку едноставно направете го тоа. Вашето тело често знае дека тоа е добро за вас, иако мозокот се уште не ја донел одлуката.

Прекинете ја рутината

Ако не ја сакате својата работа, потрудете се да најдете хоби кое ве исполнува. Поради тоа ќе се радувате на нешто кога ќе станете наутро. Вие не сте само тоа што другите гледаат на работа. Потрудете се кога ќе дојдете дома да не го палите компјутерот, телефонот, оставете ги социјалните мрежи.

Опкружете се со позитивни луѓе

Ако вашите пријатели се мрачни и негативни, оттргнете со од нив. Луѓето можат одвреме-навреме да западнат во безнадежност, но ако тоа е постојана состојба, оддалечете ги тие луѓе од вашиот живот. Потребен ви е некој кој ведро гледа на работите. Таа личност може да ви ги прошири видиците, а не да ве фрли на дно.

Научете нешто ново

Учењето ве прави посреќни. Без оглед на тоа дали се тоа нови јазици или курсеви за готвење, вашиот мозок ќе ви биде благодарен ако научите нешто ново.

Водете дневник

Научниците велат дека водењето дневник ослободува од стрес и создава чисти креативци. Проблемите полесно се решаваат, одлуките побргу се носат. За да го подобрите својот живот напишете неколку реченици на темата: „Како сакам да изгледа мојот ден?“