Како да се справите со нискиот притисок

Одредени луѓе со низок притисок не чувствуваат силни тегоби, но за други пак хипотензијата го отежнува секојдневниот живот. Нискиот притисок може да биде вообичаена физиолошка состојба на одредена личност, а се јавува како последица на одредени болести, земање лекови дури и промени во положбите на телото (ортостатска хипотензија). Постои и посебен вид постпрандијална хипотензија, која настанува по обилниот оброк, бидејки крвта се насочува кон органите за варење.

За да можете да  го држите крвниот притисок на нормално ниво, потребно е да применувате одредени навики:

-храната да биде доволно солена

-избегнувајте нагло станување од седечка или лежечка положба

- и покрај тоа што сметате дека кафето ќе ви помогне да го кренете притисок, сепак по краткотрајниот скок, најчесто притисокот паѓа на уште пониско ниво

-пијте доволно вода

-јадете помалку, а почесто

-избегнувајте подигнување на тешки работи

-конзумирајте намирници кои го покачуваат притисокот – сок од цвекло, сок од домати, маслинки

-избегнувајте долго туширање со топла вода

-пијте чај од рузмарин