Како да се справите со лошиот работен ден?

Сите понекогаш имаме лоши денови на работа. Само чекаме да отидеме дома, да легнеме во кревет и да заборавиме на тоа. Но, тие денови треба да се издржат, особено поради тоа што се долги и мачни, а мораме да бидеме продуктивни и да придонесеме во работата.

Како да се справиме со лошиот работен ден?

Прифатете го своето лошо расположение

Без оглед на тоа дали вашето расположение е оправдано или не, првиот чекор е прифаќањето како се чувствувате, односно прифаќањето на лошото расположение. Дали сте тажни? Бесни?Фрустрирани? Штом знаете како се чувствувате, полесно ќе ви биде да се потрудите да тргне денот во друга насока.

Сфатете што ве мачи

Размислете зошто се чувствувате така и каде лежи коренот на таквото лошо чувство. Зошто сте бесни? Зошто сте тажни? На тој начин ќе ви биде полесно да сфатите од каде потекнува тоа чувство.

Пуштете си весела песна

Пуштете од оние песни кои веднаш го подобруваат расположението. Таквата музика секогаш помага.

Фокусирајте се на нешто друго

Некогаш не помага доколку се фокусирате само на тоа што ве прави тажни. Кога сте нерасположени не дозволувајте тоа чувство да ве направи уште понерасположени. Наместо тоа, размислувајте или правете нешто што ќе ви ги отргне мислите. Испијте шолја кафе со колегата, помогнете некому или направете нешто што ве прави среќни.

Пуштете си смешно видео

Многу истражувања покажуваат дека смеата е лек за многу нешта. Интернетот има милион смешни видеа, а оние со животните се најдобри за подобрување на расположението. Тоа го поттикнува лачењето ендорфин, што ги намалува нивоата на стрес.

Дишете длабоко

Понекогаш, доволно е само да ги наполните белите дробови со свеж воздух и да се рефокусирате. Тоа ќе ви помогне да се фокусирате на сегашноста и да го успорите и намалите својот бес.