Како да се справиме со нештата кои не можеме да ги контролираме?

Како се справувате со стресот и фрустрациите влијае многу на тоа каков живот живеете. Ако избирате нездрави механизми како избегнување или негирање, многу лесно една тешка ситуација може да се претвори во трагична. Тоа е една од најчестите грешки кои ги прават луѓето.

Кога се наоѓате себеси во ситуација да се справувате со нешта на кои не можете да влијаете, имајте ги предвид следните работи.

Најголемата моќ не лежи во тоа што им го кажувате на другите луѓе, туку тоа што си го шепотите себеси.

Целта не е да се ослободите од сите негативни мисли и чувства. Целта е да го смените вашиот одговор на нив.

Запаметете дека самите одлучувате што е важно, а што не е. Нешта во вашиот живот го имаат значењето кое вие ќе им го придадете.

Така е како што е. Прифатете го тоа, научете и созрејте. Не е важно што сте направиле, важно е што ќе направите од сега натаму.

Научете го својот ум да гледа добро во текот на денот.

Немојте да бидете престроги кон себеси. Вие сте работа во прогрес. Се движите полека, чекор по чекор.

Направете го најдоброто, а потоа прифатете го размислување „нека се случи што и да се случи“. Не се обидувајте да ги форсирате нештата.

Еден од најважните моменти во вашиот живот е момент кога конечно ќе најдете храброст да се ослободите од работите кои не можете да ги смените.

Прифатете го сегашниот момент. Премногу време минувате затворени во вашиот ум или телефон. Прифатете го со отворени раце тоа што ве чека пред вас.

Има приказна позади секоја личност. Постои причина зошто се такви какви што се. Размислете за тоа и почитувајте ги за тоа што се.

Немојте да се каете ако сте добра личност за погрешни луѓе. Вашето однесување зборува за вас, нивното за нив самите.

Вашето срце ќе биде скршено ако очекувате дека луѓето за вас ќе го прават тоа што вие го правите за нив. Немаат сите исто срце како вас.

Нашиот карактер највеќе се забележува  кога сме на врвот и дното. Бидете благородни кога сте на врвот, бидете силни и смирени кога сте на дното.