Сезонско афективно пореметување кое на многумина им е познато под името „празнична депресија“, двапати почесто ги погодува жените.

Ова пореметување спаѓа во облици на пореметување на расположението, а карактеристичен е за студени месеци. 

Симптомите се слични на други пореметувања на расположение: нерасположение, губиток на енергија и умор, зголемен апетит, поспаност.

Причините за сезонско афективно пореметување не се во целост разјаснети, а се смета дека една од нив лежи во промена на лачењето на мелатонон и сератонин, односно хормони на среќата кои се лачат навечер.

Податоците говорат дека и 10 до 20% од повторувачките депресивни епизоди исто така, имаат сезонски карактер.

Врз промените во лачењето на хормоните влијае и преминот на зимско сметање на времето, подолгите ноќи и послабата изложеност на сончева светлина.