Како да се опуштиме во денешното брзо и стресно секојдневие?

Навистина е тешко да се остават некои ситуации позади нас и иако често се обидуваме да се релаксираме, но не успеваме да го направиме тоа. Ни изгледа толку тешко и невозможно. Но, не смееме да дозволиме да си го правиме тоа себеси.

Многу нешта кои ни се случуваат ќе се случуваат неочекувано, надвор од нашата волја и контрола. Но, тоа што можеме да го направиме е да преземеме мали чекори. Да бидеме храбри. Да си дозволиме себеси да правиме грешки, да учиме од нив, да се ослободиме од нив и да продолжиме понатаму.

Тајната лежи во прифаќањето на вистината: Тоа што се случува, голем дел од нештата во нашиот живот се нешто што не можеме да го контролираме, а кое има огромен негативен ефект на нас.

Вистината е дека секој од нас мора да прифати делови од нашиот ден или пак од нашиот живот кои можеби не се онакви какви што посакуваме. Потребно е да се затвори една врата, да се заврши едно поглавје и да се продолжи понатаму. Но како?

Важно е да ги имаме на ум овие работи:

1. Најважните промени во нашиот живот настануваат кога одлучуваме да се грижиме само за работите кои можеме да ги контролираме и да се ослободиме од потреба да ги контролираме нештата кои не можеме да ги контролираме.

2. Најголемиот дел од луѓето се несреќни бидејќи во моментот посакуваат живот каков што немаат, а и не можат да имаат.

3. Ослободувањето од некоја личност, спомен или чувство не значи дека не се грижиме веќе за личноста или ситуацијата. Тоа значи дека сакаме да бидеме среќни, без товарот и стресот кои тие ни го носат.

4. Одењето на сосема нова патека е тешко, но уште потешко е да останеме во ситуација во која не гледаме никаков прогрес.

5. Кога сме изгубени во грижите, лесно е да ги замениме со реалноста, наместо да прифатиме дека тие се само мисли.

6. Најголемата пречка за развој е тоа дека треба да го победиме својот ум. Штом почнеме со мали чекори да работиме на тоа, веќе сме на добар пат.

7. Не можеме да контролираме што ни се случува, ама можеме да реагираме како реагираме на тоа.

8. Прогресот и развојот доаѓаат со мали чекори. Малку по малку.