Како да се гарантира совршен ски-одмор?

Сакате да поминете прекрасен одмор со пријателите? Сакате да внесете новина во зимскиот период? Зимскиот одмор е перфектен момент да поминете убави моменти со луѓето кои ги сакате. Зимата е веќе тука, така да независно од тоа дали барате планинска авантура и мир или пак зимски спортови, вистинско време е да почнете да размислувате на оваа тема.

За да биде еден одмор пријатен, потребно е навремено планирање.  Од кога ќе ја направите листата на омилени хотели и сте застанале на еден кој што ви е омилен, направете детална анализа за хотелот. Прочитајте ги коментарите за него, за да се уверите дали реално одговара на карактеристиките за добар хотел.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат како да изберете добар хотел:

Местоположба

Се разбира дека кога станува збор за зимски одмор, важно е место каде што ќе се сместите да се наоѓа во близина на скии патеките или пак да има добра конекција до нив и до останатите природни и историски знаменитости.  Едни од најпопуларните места за ваков одмор се: Пампорово, Боровец, Смолан, Благоевград, Витоша, Чепеларе... И секое од нив има што да понуди, но изборот е ваш.

Погодности

Од кога сме го определиле буџетот и решиле каде сакаме да одмараме доаѓа моментот кога треба да се решиме што сакаме и како сакаме да го поминеме одморот.  Се разбира ако патувате во текот на зимата тоа не значи дека мора да пробате некој од зимските спортови. Ако целта ви е безгрижен и релаксирачки одмор може да изберете уникатен Спа Центар во избраното место за зимување.

Кога ќе преминете на избор на соби, изберете таква со добра звучна изолација.

Ако имате желба да поминете активен одмор, исполнет со силни емоции, може да разгледате хотели кои организираат планински прошетки и екскурзии до различни месни знаменитости. 

Ако пристигнете доцна вечерта, погледнете хотели кои имаат 24-часовна рецепција, удобно место за паркирање и дали се наоѓа во близина до градски превоз.

Размислете убаво кои услуги ќе ви бидат потребни за време на престојот, дали ќе имате потреба и перење и пеглање или пак канцелариски услуги како принтер и телефон.

Скии услови

Ако планирате да поминете скии одмор, најважно од се е да се информирате каде има најдобри снежни услови за зимски спортови. Како е тој зимски одмор без посета на скии патека? Идеалниот зимски хотел добро е да нуди удобен трансфер до скии патеката. Истовремено добро е да има ски учител ако решите да патувате со деца. 

Ако идејата за одмор во Хотел во Банско ви се допаѓа, таква услуга се нуди од Апартхотел Лаки Банско Спа & Релакс. Овој апартхотел нуди современ спа центар со повеќе од 28 активности, внатрешни и надворешни базени соодветни за возрасни и деца, солен базен со сол од мртвото море, џакузи, финска сауна, елегантни ресторани кои нудат извонредна кујна, како и детски игралишта со професионални воспитувачи за деца.  Исто така во текот на зимата има и анимација за дечињата.

Хотелот има добра местоположба, овозможува бесплатен транспорт до првата станица на скии лифтот на секој 15-30 минути, директен транспорт до скии патеките во местото Шилигарника, нуди скии опрема и часови по скијање за деца и возрасни. Хотелот поседува скии гардероба, опремен со грејач на опрема за скијање.

Во хотелот се организираат пешачки прошетки во планината, екскурзии до различни туристички области, пикници, голф, тимбилдинг игри. За љубителите на поекстремните доживувања има офроуд тури со џип и АТВ, карпести и планински качување, јавање, рафтинг, пешачење за искусни планинари и пеинтбол.

Ова место гарантира незаборавно доживување за целото семејство.

Ресторани и барови

Се разбира, не може да ја прескокнеме храната.  За време на зимскиот одмор важно е блиску до нас да имаме убаво место за јадење, за да не треба да поминуваме неколку километри.

Проверете дали има удобни места за јадење околу скии патеките и утврдете го нивото на храна во ресторанот на хотелот. Ако патувате со деца, кога избирате хотел разгледајте го менито на ресторанот и проверете дали е достапно детско мени.