Постои причина поради која луѓето обично велат „Не е до тебе, до мене е“ или „Дај ми уште една шанса“ за време на раскинување.

Дури и ако сте го предвиделе разговорот уште пред неколку недели или месеци, особено ако не сте го предвиделе, кога ќе дојде моментот може да останате со насолзени очи и без зборови.

Тоа е причината поради која е многу олеснително да имате при рака поконструктивни фрази и генерална идеја за тоа како да се справите со ситуацијата без да делувате бесчувствително или очајно.

Експертот за врски Андреа Сирташ, авторката на „Во ред е да спиете со него на првиот состанок“ има неколку совети за оваа ситуација.

Ако вам ви раскинуваат и воопшто не сте го очекувале тоа:

Сирташ потенцира дека не постои ниту една изјава која може да направи раскинувањето да не биде непријатно за личноста на која и се раскинува. Дури и ако имате подготвено одговор за тој момент, најверојатно толку ќе бидете вознемирени што нема да излезе како што сте замислувале.

Наместо тоа, може да кажете нешто во стилот: „Јас воопшто не го очекував ова. Би ми било корисно ако ми кажеш колку долго си ги имал/а овие чувства.“

Сирташ вели дека најчестите жалби кои ги слуша од клиентите кои раскинале е дека имаат неодговорени прашања.

Затоа таа вели дека е во ред да поставите неколку прашања, како тоа колку долго другата личност сакала да ракинат или „Може ли да ми објасниш зошто мислиш дека не сме компатибилни?“. Во ред е да покажете дека сте разочарани.

Ако добиете одговор на тоа прашање, секако дека можете да прашате дали може да поработите да ги средите работите, но очекувајте да кажат „Не“. Запамтете дека одлуката да раскинете не мора да биде едногласна, па затоа дискусијата најверојатно нема да ја промени ситуацијата.

И запамтете дека не е пристојно да прашате: „Има ли некој/а друг/а?“, затоа што може и да не добиете искрен одговор.

Ако вие раскинувате некому:

Сирташ вели дека често кога човек раскинува, неговиот инстинкт е да и покаже на другата личност колку е таа прекрасна. Потсетете ги дека вие не го вадите најдоброто од нив и дека врската не е здрава и за двајцата.

Можете да кажете нешто во стилот: „Заслужуваш да бидеш со личност која го вади најдоброто од тебе. Мислам дека меѓусебно не си ги поттикнуваме најдобрите делови од нас.“

Друга можност е и: „Го сакам најдоброто за тебе и не верувам дека можам да ти го дадам тоа. Се чувствувам лошо затоа што се грижам за тебе, но морам да бидам искрен/а.“

Колку и да ви е тешко, запамтете дека и на другата личност и е тешко. Затоа е важно да бидете трпеливи, да слушате и да бидете љубезни.