Како да пронајдеш мир откако ќе ти го скршат срцето?

Најтешкиот дел при раскинувањето и губењето на голема љубов не е самото раскинување туку процесот на пронаоѓање мир и продолжување понатаму.

Понекогаш, љубовта не е доволна. Две жарчиња можат да се спојат, да направат огномет кој гори и остава отровен мирис. Љубовта која некогаш била убава и среќна многу бргу може да се претвори во мрачна љубов. Се се случува толку брзо што тешко е точно да знаеш кога се случило тоа и каде се случил пресвртот и целата работа не изгледа реална.

Овие врски тешко се прекинуваат. Толку сте навикнати на среќата која оваа личност некогаш ви ја носела – тие се единствени кои ве разбираат, кои ве прават целосни и кои ви ја подариле целата среќа на светот за која не сте ни знаеле дека постои.

Но, длабоко во себе, знаете дека оваа љубов е отровна, затоа што кога работите се лоши, тие навистина се лоши, ужас кој тешко се надминува, кој ве остава збунети и гневни, ви ја црпи целата енергија. На крај сфаќате дека не можете повеќе вака.

И кога се ќе заврши, се чувствувате изгубено како никогаш претходно. Но, запамете дека сте го направиле правилниот избор и без оглед на тоа колку сте биле среќни со некого, сепак тие го ваделе и најлошото од вас и се погрешна личност за вас.

Ќе најдете мир во моментот кога ќе сфатите дека без оглед на тоа колку сте се сакале, кога човек ќе ве уништи еднаш, тие одново и одново ќе ве повредуваат.

Откако навистина ќе заврши се, ослободете и прифатете ги вашите чувства. Најверојатно ќе поминувате низ периоди во кои еден ден ќе бидете супер, наредниот ден ќе мислите дека се се распаѓа. Можам да ви ветам дека тоа ќе помине.

Не ставајте рамка на вашиот процес на преболување, не можете одеднаш се да надминете. На болката и е потребно време за да се формира затоа што потребно ви е време за да сфатите што сте изгубиле. Уживајте во вашите слободни мигови.

Бидете трпеливи со вашето срце, не се помирувајте со погрешната личност само затоа што сте осамени, не брзајте. Чекајте ја љубовта која ќе направи вашите клетки повторно да танцуваат. Научете да бидете сами и создадете живот кој навистина го сакате, тоа ќе ве поттикне да станете личност која сакате да бидете. Заљубете се самите во себе: одете сами на ручек, одете сами на кино, спијте сами. Само тогаш ќе бидете сигурни дека сте ја сретнале вистинската личност, затоа што ќе бидете сигурни самите во себе.

Со тек на време ќе најдете нова љубов. Љубов во која постои среќа, а не мизерија. Најдобриот дел од поминувањето низ траума е тоа што после тоа веќе никогаш нема да трпите омаловажувања.

Понекогаш судбината ги носи одлуките наместо нас. Вашата болка ќе ве промени и еден ден болката ќе биде само спомен. Ќе видите дека отровната љубов ве подготвила за вашата нова љубов.