Како да престанете да им се враќате на лошите момци?

Лошите момци. Привлечни, шармантни, но со нив секогаш ќе имате драми во животот. Иако со сигурност досега неколку пати сте раскинувале, па сте се смирувале, па повторно сте раскинувале, па пак сте се смирувале, можеби е време да престанете да го правите тоа.

Можеби сега е вистинското време да престанете да им се враќате на лошите дечковци, затоа што очигледно е дека тие врски навистина немаат иднина. За да успеете во вашата намера, прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:

Најпрво мора да знаете дека имате проблем и да бидете свесни за тоа. Кога еднаш ќе се одлучите да го направите тој прв чекор и едноставно да ја раскинете таа врска на која повеќе нема да се враќате без оглед на се, се ќе ви оди полесно.

Кога ќе запознаете ново момче и кога ќе забележите некоја грешка која ви се случувала и во претходната врска, исечете го тоа во корен, затоа што не сакате да ја повторувате истата грешка. Секогаш е полесно да се раскине на почеток, отколку да чекате месеци, па и години...

Кога ќе запознаете нов дечко, немојте веднаш да го отфрлате затоа што мислите дека не е ваш тип.

Дајте му шанса, затоа што тоа можеби сепак е тој правиот. Не обрнувајте внимание само на изгледот и не го барајте во него тоа што сте го имале во претходната врска, затоа што ако претходната врска ви одговарала, не би ја прекинале.

Немојте да се откажувате, ама баш никогаш. Ако вам повторно ви се случи истата работа како и во претходните врски, не очајувајте, туку повторно станете и достоинствено поднесете ја болката и продолжете понатаму. Понекогаш во животот ни е потребно да направиме неколку грешки за да можеме да сфатиме што навистина ни треба во животот.