Kако да препознаете срцев удар еден месец пред да се случи?

Една од главните причини за смрт во светот е срцевиот удар. Стресот, нездравата исхрана и брзиот живот значително допринесуваат за тој да се случи, но за среќа постојат начини симптомите на време да се препознаат и да се промени фаталниот исход.

Замор

Кога артериите ќе се соберат, срцето добива значително помалку крв отколку што е навикнато. Поради тоа работи посилно отколку што треба, а вие чувствувате константен замор и исцрпеност секој ден.

Губење на воздух

Ако вашето срце добива помалку крв отколку што е навикнато, тоа значи и дека вашите бели дробови добиваат помалку кислород отколку што се навикнати. Овие два системи зависат еден од друг, што значи ако имате проблем со губење на воздух, консултирајте се со доктор што поскоро.

Слабост

Кога артериите се собрани и се забавува циркулацијата, ниту мускулите не го добиваат она на кое се навикнати, што ве прави многу слаби, па чести се падовите и повредите.

Вртоглавица и студена пот

Лошата циркулација исто така влијае на дотокот на крв во мозокот. Ова е многу ризично и на почетокот предизвикува вртоглавица и збунетост. Не смеете да го игнорирате тоа!

Болка во градите

Во градите ви се собира притисок кој нема каде да оди и тоа е еден од најважните симптоми кој не смеете да го игнорирате. Ако го почувствувате, задолжително посетете доктор!