Како да препознаете неверен маж?

Изневерувањето е ужасна работа и речиси секој човек бил некогаш изневерен, односно открил дека не бил изневерен. Којзнае колку пати сме биле изневерени, а не сме ни дознале за тоа.

Не дека треба да се исплашите, но истражувањата покажале дека 25% од женетите мажи некогаш изневериле, а 56% од тие рекле дека биле во среќен брак кога изневериле.

Тоа значи дека иако се функционира како што треба и вие одлично се сложувате, среќни сте и заедно се смеете, сепак може да бидете изневерени.

Како да се открие патолошкиот лажго кој доаѓа насмеан со букет рози за вас, а всушност само што ги завршил своите страствени игри со друга девојка?

Има неколку клучни работи на кои би требало да внимавате. Затоа отворете очи и внимавајте на овие знаци:

1. На вашиот маж му смета ако случајно го допрете неговиот телефон, а тој постојано добива чудни повици кои постојано ги одбива, а додека трае сето тоа е постојано напнат и потресен.

2. Ако одеднаш почнува да се интересира за здрав начин на живот и исхрана, вежбање, слабеење и слично, постои огромна опасност дека сака да шармира некоја девојка.

3. Обрнете внимание на секоја промена во вашиот сексуален живот, може да се случи одеднаш да изгуби желба за секс или пак одеднаш да сака постојано да имате секс.

4. Ако претходно често ги избегнувал своите работни задачи на работа, а сега одеднаш се враќа подоцна од работа и често треба да оди на работни состаноци, тоа би требало да ве алармира, иако делува како да е чисто алиби.

5. Иако одлично се сложувате со неговите пријатели, тој сега инсистира да излегувате сами. Тоа може да биде знак дека се плаши да не се посомневате во нешто разговарајќи со некој негов пријател.