Како да препознаете негативна и отровна личност во првите пет минути од запознавањето?

Дали некогаш сте имале отровна личност во животот? Колку многу штета ви имаат нанесено?

Што ако сте ги забележале уште од самиот почеток, спасувајќи се себеси од часови полни со болка, истоштување и фрустрации?

Можеби овие знаци ќе ви делуваат многу преопшти, но да, можат да бидат одличен показател затоа дека некој е отровна и негативна личност уште во првите 5 минути од вашето запознавање.

Зборуваат негативно за другите

Ако почнете разговор со некого, а само што сте запознале, и првото нешто што им паѓа на памет е да зборуваат лошо за другите – тоа е алармантен знак дека се работи за отровна личност. Без оглед на тоа дали станува збор за членови од нивното семејство, пријатели, колеги и слично, човек што е океј да зборува негативни работи за други луѓе и тоа толку опуштено со личност која речиси и не ја познава – зборува за тоа дека таа личност нема основна почит за други луѓе.

Тие сакаат нешто од вас

Еден од најсигурните показатели за тоа дека некој е отровен е ако во првите пет минути од вашето запознавање сакаат нешто од вас. Ако тие се отровни личности, најверојатно зборуваат со вас токму затоа што им треба нешто од вас. Иако се разбира дека не е единствен знак и понекогаш може само навистина им треба нешто, сепак ова е еден од најважните знаци, затоа што отровните луѓе секогаш земаат повеќе отколку што даваат.

Немаат проблем да побараат услуга од вас

Ова е слично на претходната точка. Ако другата личност воопшто нема никаков проблем да бара услуга од вас иако воопшто не ве ни познава, бидете многу претпазливи. Тие се одлични манипулатори и немаат проблем да ги користат другите за да го добијат тоа што го сакаат.

Не покажуваат никаков интерес за вас

Уште еден показател е ако личноста не покажува никаков интерес за вас. Секако дека не може човек во првите пет минути од вашето запознавање да се грижи за вас и да ве смета за блиска личност. Но, доколку веднаш пристапат кон зборење за себе, а воопшто не ви поставуваат прашања за да ве запознаат, тогаш нешто е сомнително. Да, можеби непријатно е да поставуваат приватни прашања, но енергијата веднаш се забележува.

Самата интеракција ви е непријатна

Не зборуваме за онаа првична трема и непријатност кога се запознавате со некого, туку онаа непријатност која ви се појавува во стомакот која ви наговестува дека има нешто чудно и сомнително кај другата личност.

Понекогаш не забележуваме знаци, но ги чувствуваме. Можеби не можеме да ги забележиме сите вербални и невербални знаци, но нашиот мозок ги фаќа, само сѐ уште не ги процесирал.

Ако сте запознале некого и уште во првите пет минути прават да се чувствувате непријатно, напнато или луто – големи се шансите дека се работи за отровна и негативна личност.

air max 90 essential sale