Како да препознаете ГМО храна?

Се повеќе се зборува за влијанието на генетски модифицираната (ГМО) храна врз човечкото здравје. Иако науката се уште не докажала ништо конкретно, за многумина самиот збор генетски модифицирана влева страв.

Пред се, мало објаснување доколку не знаете што значи самиот израз. ГМО претставуваат генетски модифицирани организми (растенија, животни, микроорганизми), кои имаат рансплантирани гени од други организми. ГМО храната е отпорна на штеточини, хербициди, вируси и обично има поубав вкус и расте побрзо во однос на органските производи.

Кога се работи за штетното влијание врз човековото здравје, за сега е докажано само дека ГМО храната може да придзивика алергиски реакции. На пример, ако сте алергични на кикирики, а вашата ГМО храна во себе носи гени од оваа растение, доаѓа до реакција во телото.

Поради тоа, но и ако едноставно не сакате да јадете ништо вештачко, обрнете внимание на следните три работи – по нив ГМО храната се издвојува од останатата.

Ознаката на декларацијата

Органските производи посебно се назначени. Побарајте производи со ознаката 100% органско. органско или направено од органски состојки (Made with organic ingredients). Само тие гарантираат дека во производот нема ни трага од генетски модифицирани соединенија.

Обрнете внимание на декларацијата на која пишува GMO-free, Non-GMO или Направено без генетски модифизирани соединенија (Made without genetically modified ingredients). Овие производи всушност може да содржа ГМО, но не повеќе од 0,9%.

Обрнете внимание на изгледот на производот

ГМО храната изгледа совршено. Има правилна форма, сите овошја и зеленчуци се со иста големина, а рокот на траење е значајно подолг во однос на другата храна, затоа што им се додадени гени кои пружаат отпорност на негативните надворешни влијанија. На пример, генот бацила, Bacilius thuringiensis кој се додава во ГМО храната произведува токсин кој ги одбива штеточините. Затоа, ако забележите дека инсектите го допираат овошјето, тоа значи дека е веројатно од органско потекло.

Во овие намирници доминира

Се верува дека 78% од сојата, 33% од пченката, 64% од памукот и 24% од маслиновата репка, во светот се генетски модифицирани. Покрај овие намирници, некои прозиведувачи додаваат гени и во месните преработки, млечните производи, полуподготвени и готови јадења, мешавина на брашна, инстант оброци, слатки напитоци, сирупи…