Како да препознаете дека сте ја пронашле љубовта на вашиот живот?

Еден човек еднаш му се обратил на еден мудрец и го прашал: „Како ќе знам дека жената навистина ме сака?“ Мудрецот му одговорил: „Ако ги прави овие 14 работи, биди уверен дека те сака!“

Човекот рекол: „А кои се тие работи?“

Мудрецот одговорил:

„Ако го сака твоето однесување и ги сака оние кои те сакаат тебе.

Ако не се лути што имаш поинакво мислење од нејзиното.

Ако ја погодува твојата лутина или тага.

Ако постојано се обидува да најде теми за разговор со тебе. 

Ако те прашува за совет.

Ако се радува на твојот подарок без оглед на тоа колку е скромен.

Ако се обидува да ти биде поддршка или се нуди да преземе дел од твоите обврски.

Ако е загрижена поради твоето отсуство.

Ако сака да направи сѐ што е можно за да те задоволи и не го повторува она што ќе те налути.

Ако не се грижи околу тоа што не заработуваш многу.

Ако поднесува болка заради тебе. 

Ако се обидува да биде дел од твоите идеи и интереси и се обидува да влезе во твојот свет и се интересира за твојата работа и твоето хоби. 

Ако не се срами од твојата работа без оглед на тоа каква е.

Кога ти помага во правење добри дела.“

Овој текст е поучен и важи и за мажи и за жени!