Како да препознаете дека крие нешто од вас?

Повеќето жени обично имаат шесто сетило кога се во прашање односите со мажите, но на некои им е потребно директно признание за да сфатат дека нешто не е баш во ред. Кога жената е заљубена или несигурна, многу е можно да и се расипе радарот, па неретко ги меша претчувствата и паранојата. Љубовта понекога е слепа и глува, па ако не сте сигурни дали тој крие нешто од вас, обрнете внимание на овие совети.

Се однесува како да е виновен

Ако се однесува како да чувствува вина заради нешто, тогаш веројатно постои и причина. Ако поставите прашање за тоа како му поминал денот и добиете исклучително нервозен и нејасен одговор, големи се шансите дека чувствува грижа на совест за нешто и дека не е ваш највешта личност за прикривање на работи. Ако е добар глумец, ќе те увери во што и да посака. Во такви случаеви, посветете внимание на говорот на телото.

Открива премногу детали

Ако го прашате како си поминал вчера, а тој до најмал детал ви ја опишува секоја минута, вклучувајќи ги и чевлите на келнерот, вие ќе мислите дека ви ја кажува вистината, нели? Па и не е баш така. Повеќето луѓе не посветуваат внимание на невнажни детали, па ако почне да ви збори за бојата на ѕидот во ресторанот, постои можност дека сака да сокрие нешто. Измислувањето на милион детали прави приказната да изгледа веродостојно, барем по филозофијата на лажговците.

Дава премалку информации

Некои луѓе повеќе би сакале да молчат отколку да се мачат со измислување. Овие луѓе се плашат дека ќе бидат фатени во лага, па затоа најчесто споделуваат речиси никакви информации.

Постојано ја менува приказната

Ако и по прифатливото објаснување се сомневате дека ве лаже, поставете му го прашањето по неколку недели или по еден месец. Ако ве лажел, сигурно ќе заборави на многу работи. За лажење е потребно екстремно добро паметење, но и вие ќе морате да имате исто толку добро паметење, особено ако сакате да го фатите во лага.

Ви обвинува затоа што сте поставиле прашање

Ако поставите нормално прашање, а тој изреагира бурно и ве обвинува што воопшто прашувате, тогаш нешто е сомнително. Тоа е градење одбранбен механизам, затоа што знае дека бил некаде или со некој со кого не требал да биде, па така на крај ќе ве обвини дека „постојано го проверувате затоа што немате доволно доверба.“

На прашање одговара со прашање

Луѓето го користат овој метод кога сакаат да одолговлечат за во меѓувреме да можат да смислат соодветен одговор. Ако во потполност одбива да одговори на прашањето, тоа значи дека не може толку бргу да смисли некој изговор, па затоа се труди воопшто да не одговори.

Одеднаш станува таинствен

Во последно време забележувате дека и во тоалет не може да оди без мобилен, а мобилниот му е секогаш на вибрации и секогаш оди во друга соба за да одговара на повиците. Кога една личност се обидува да скрие нешто од некој друг, најчесто создава дистанца во нивниот однос за подобро да се заштити во случај лагата да излезе на виделина.

cheap nike air max 90