Како да препознаете дали им се допаѓате или само ве влечат за нос?

Се обидувате да закажете состанок, но никако не можете да се погодите со распоредот.

Кога конечно ќе најдете термин и ден што ви одговара, одеднаш мораат да ви откажат. Што е работата? Дали се зафатени, но искрено заинтересирани или ве избегнуваат со цел нежно да ве откачат?

Еве која е разликата:

Ако се навистина заинтересирани, веднаш ќе закажат нов термин за состанок

Откажувањето состанок не значи и дека сакаат да ве откачат. Ако веднаш потоа се нудат да најдете друг термин, тогаш значи дека се уште сакаат да излезат со вас.

На пример: „Еј нема да стигнам во четврток, ми го преместија состанокот за подоцна. Може ли петок или сабота?“ Кога ќе презакажат состанок, ќе бидат многу конкретни.

Искрено и сериозно ќе ви се извинат

Некој кој е сериозно заинтересиран, нема да сака да ве разочара. Личноста со сериозни намери навистина се чувствува лошо. Нивен најважен фокус е тоа да не сте вознемирени, не сакаат да мислите дека се преваранти и ќе се потрудат навистина да ви надоместат.

 Тие што не се заинтересирани ќе бидат неодредени

Лагите обично се подетални отколку едноставната вистина. Ако раскажуваат неверојатна приказна за тоа зошто не можат да дојдат, тогаш бараат лесен начин за бегство. Тие ги измислуваат овие приказни и ќе бидат неодредени за тоа кога ќе биде следниот состанок. Ќе ви кажат нешто од типот „Ќе се чуеме“.

Тие ќе ви се јават кога знаат дека не сте достапни или кога нема да можат да зборуваат на долго

Јавувањето во чудно време кога никој не е буден или баш пред да се качат на авион е знак дека не сакаат да зборуваат. Тоа е за да биде кратко и да ве држат на дистанца.

Верувајте и на интуицијата

Вие самите знаете да процените дали тие се заинтересирани. Ќе го почувствувате тоа. И покрај тоа што сите имаме стравови, сепак вашата интуиција ќе ве води во правилна насока.

Ако ништо од ова не ви помогна, тогаш едноставно директно прашајте ги

Едноставно кажете: „Еј, што е со нас?“. Ќе ги фатите неподготвени и ќе мора да одговорат директно и барем ќе знаете на што сте.