Како да победите без да се расправате?

Сите го знаеме ова: Почнуваме да дискутираме нешто, без оглед дали е тоа во кругот на семејството, пријателите, партнерите, и одеднаш се вжештува дискусијата. Сите почнуваат да се надвикуваат, да си улетуваат во збор, итн.

Секој сака да победи во расправата. Како да го направите тоа? Денес ќе ви ја откриеме тајната со тоа што ќе ве запознаеме со неколку ефективни потези од „психолошкото аикидо“ – начинот како да го решите кој било проблем без да се расправате.

Психолошкото аикидо е слично како балансирање на топка – балансирање пред напад. Ако се предадеш, ќе го издржиш судењето, барем така велат на Исток. Предади се за да го ослабеш отпорот, велат Будистите.

Не се карајте, затоа што така станувате тоа против кое се борите. Премногу моќ води кон спротивен резултат.

Оној којшто ви се дере е во афективна состојба, а тоа значи дека нивна совест во моментот е исклучена. Самите сте свесни дека е невозможно рационално да разговарате со личност чиј ум е исклучен. Тоа е исто како да зборувате со некој кој спие. Дали некогаш сте виделе некој некому да му се дере, а притоа да е во добро расположение. 

Ако и вие се дерете е слично како со весло да удирате човек што се дави. Другата личност навистина се дави – во својот бес. Затоа помогнете им. 

Што правиме обично кога се чувствуваме лошо? Обвинуваме, врескаме и плачеме. Затоа кога некој ни се дере на нас, тие всушност се чувствуваат лошо. 

Дали знаете како да ги натерате да престанат да се дерат? Молчете и оставете ги да се смират. Не слушајте што зборат, тоа е само нивната болка. Како да останете со смирено лице? Вежбајте го умот. Едноставната тишина го има ефектот на ладна вода. Додека вашиот противник се дере, едноставно гледајт го и молчете. Оставете го да се смири.

Предавањето и мочењето може да биде исклучително тешка задача особено кога имате толку многу да кажете, но трпението вреди. Ако едната страна во конфликтот се однесува разумно, тогаш сите останати ќе се чувствуваат посмирено. Затоа сугерираме да ја усовршите уметноста на психолошкото аикидо, на тој начин ќе си го сочувате сопственото здравје и мир, но и мирот и здравјето на вашите блиски.