Жената Лав има царски дух и сјај. Светлината со која сјае лесно го привлекува вниманието на мажите. Како Хороскопски знак Лавот е управуван од Сонцето, а неговата топлина понекогаш изгледа како да има свој натприроден светлосен извор.

Лавицата се раѓа во лето кога плодовите се најзрели. Таа е толку сочна и како да е бакната од сонцето. Ова и дава моќ силно да заблеска и да го потврди нејзиното постоење во светот.

Во љубовта е лојална, искрена и знае да сака. Само со тонот на гласот може да знае дали сте искрени кон неа или не сте.

Каде и да оди, знае како да се забавува, да се инспирира. Не постои начин а да не се забележи нејзината спонтаност и креативност во љубовта. Полна со самодоверба и подготвена да дава љубов, таа ќе биде привлечена само од партнер ист како неа.

Жените од знакот Лав сакаат да почувствуваат дека предизвикале восхит кај еден маж. Нивната уникатност заслужува да биде сакана и освојувана. Приказната за нивниот живот е поинаква. Само ако се осмелите да ги запознаете, ќе видите колку се посебни. Но, не заборавајте да ги почитувате. Игнорирањето, потценувањето или земањето здраво за готово нема да остане незабележано кај нив.

Жената, родена под знакот на Лавот, се залага за стабилност во љубовта и животот. Ако таа не се чувствува обожавана, ќе ве фрли надвор од нејзиното царство. Можете да ја импресионирате со екстравагантни, луксузни подароци. Секогаш одбирајте ја првата класа за неа. Потоа обидете се да влезете во нејзиниот ритам, нејзината разиграност која може да биде предизвикана со прекрасното зајдисонце, убавата музика, романтичната постела… Направете атмосфера на авантура во вашата врска, каде што секогаш со нетрпение  ќе чекате нешто од жената Лав.

Како што споменавме, безбедноста е многу важна за неа. Како амбициозен знак, важно е да и ги кажете вашите амбиции и да сторите сé што е можно за да ја зајакне довербата во нивното достигнување.

Поддржете ја во соништата, развивајте се и вие како личност, дајте и сигурност но не се обидувајте да ја засените нејзината сончева природа. Започнете ја врската без притискање на жената во знакот на Лав. Не земајте ја нејзината слобода, бидејќи тоа е единствениот начин на кој можете да ја одобиете нејзината љубов.
Има многу сензационални моменти во сексот, но само ако имате силни емоции кон жената од знакот Лав и таа ги почувствува.