Како да ослабнете пет килограми за само една недела

Наместо драстични диети и напорно вежбање, следете ги овие неколку едноставни чекори за прилагодување на начинот на живот, намалете ги калориите и почнете полека но сигурно да ги губите килограмите.

1. Исфрлете ја брзата храна од исхраната
Ако посегнувате по чипс во попладневните часови стекнувате лоша навика од здодевност, а не затоа што сте гладни и се полните со празни калории кои воопшто не ви се потребни.

2. Водете дневник за исхрана
Ако водите евиденција за секој оброк што ќе го изедете, ќе знаете точно колку калории во текот на денот внесувате во организмот. Ова може да ви помогне да воочите која храна ја консумирате повеќе отколку што би требало.

3. Јадете само кога сте гладни
Пред да посегнете по храна, запрашајте се дали го правите тоа затоа што сте гладни или затоа што сте стекнале лоша навика. Обидете се да јадете само кога сте навистина гладни.

4. Сами подготвувајте си го ручекот
Не само што ќе заштедите пари, туку ќе имате помала порција полна со здрава храна. Многу ресторани сервираат преголеми порции само за да ги оправдаат високите цени.

5. Преполовете ги порциите
Човечкиот желудник има големина на тупаница и толку храна треба да внесуваме во него. Косумирањето на помали порции е сосема доволно за да се заситите.

6. После вечера пешачете 
Еден час пешачење после вечера може да ви помогне да согорите од 130 до 150 калории кои во спротивно би завршиле на вашите колкови. Со брзо одење можете да согорите 230 калории за еден час, а со тачање и до 500.

7. Заборавете на шлаг и шеќер
Заборавете на додатоците како што се шлаг и шеќер во утринското кафе или маргарин на тостот. Ова ќе ви помогне да развиете здрави навики на подолги стази.

8. Заменете
Ако ви е тешко да престанете со додавање на шлаг во кафето, заменете го ова со немасно млеко. Заменете го колачот со препечен тост, чипсот со јаболко, итн.

Иако резултатите на крајот од неделата се индивидуални, овие совети гарантирано ќе ви помогнат да почнете поздраво да живеете.