Како да ја сакаш скршената жена?

Оваа жена секогаш отворено гсе прашува дали следниот маж ќе остане со неа. Делува очајнички,но минатото ја научило на потежок начин дека луѓето ги користат зборовите како оружје. И да, секој ѝ вели дека ќе остане. Таа ќе клима со главата иако знае дека нема да биде така. Ќе се надева дека овојпат ќе биде различно. Колку е тешко човек да ја сака? Таа ќе ризикува и ќе се обиде да најде убавина во раните кои ѝ го распарчиле срцето. Но, на крајот сите си заминуваат.

И повторно е на почетокот – скршена, но сѐ уште жива. Некако ќе се извлече од тоа, овојпат ќе ѝ треба повеќе време. Секој пат губи дел од себе: давала љубов, а за возврат добила само рани. Таа ќе се лаже себеси дека е добро. Лага која секојдневно ќе ја повторува, затоа што ако доволно силно верува во тоа, можеби на крајот ќе биде добро: во наједноставната смисла на зборот.

Но, никогаш нема да биде добро. Секогаш нешто ќе недостасува. Ќе има денови кога ќе нафрли насмевка на лицето. Ќе има денови кога нејзината насмевка ќе биде толку заразна што за момент ќе заборави колку е скршена. Но, штом ќе падне ноќта и легне исцрпена во кревет, повторно ќе се појави нејзиниот верен придружник: очајот.

Ти ќе се обидеш да ја поправиш. И тоа многу ќе трудиш. Дури и ќе мислиш дека можеш да ја повредиш. Таа е скршена со причина и никогаш немој да дозволиш да биде само тоа. Таа е скршена, но истовремено е лојална, добра и прекрасна. Таа е жена која може да те сака како што ниту една друга не може да те сака. Немој да велиш дека „сакаш скршена жена“, кажи дека ја сакаш „таа твоја жена“, затоа што нејзе не ѝ се потребни етикети како скршена, депресивна или дека е во заблуда, таа е само жена.

Кажи: „Ја сакам таа жена...“

Ја сакам жената која одбива да се излечи, затоа што нема што да се лечи. Можеби нејзината скршеност е дел од неа како личност.

Кажи ги овие работи:

Ја сакам жената која во животот носи и темни бои, но секако сум заљубен во неа. Ја сакам нејзината насмевка кога прерипнува дупки полни со вода.

Ја сакам жената која никогаш нема да ме лаже затоа што знае колку боли.

Ја сакам жената која живее ден за ден, се радува на сѐ, свесна дека утре е нов ден.

Никој не рекол дека ќе биде лесно, дека нема да има жртви, никој не рекол дека попатно некој нема да биде повреден.

Сакај ја. Обожавај ја. Имај верба во неа. Смеј се со неа. Плачи со неа. Обиди се да ги видиш работите од нејзината перспектива, а таа од твојата. Биди задоволен со неа. Гордеј се со неа. Викни – нека те чуе цел свет. Гледај како да е тоа остварување на твојот прекрасен сон. Сакај ја. Имај потреба од неа. Навистина вреди. Ризикувај. Верувај ѝ. Исполни ја празнината во нејзиното срце, затоа што само ти ѝ недостасуваш за повторно да се чувствува целосна и жива. Можеби баш така ќе ја доживееш љубовта за која секогаш си сонувал.