Како да ја сакаш девојката која никогаш немала среќа во љубовта?

Таа е затворена, не сака да искажува чувства. Секој дечко кој досега го имала и го скршил срцето, па како може да ја обвиниш за тоа? Таа не планира некој во скоро време да и го смени мислењето. Постои определен и точен начин како да ја сакаш.

Мораш да ја почитуваш. Почитувај го фактот дека е скептична дека некој навистина би ја сакал. Почитувај го тоа дека се плаши да се отвори и да дозволи повторно да се заљуби.

Разбери дека таа е една од луѓето со најмногу љубов во себе. Но, таа заврши со заљубување во машки кои планираат да ја напуштат и повторно да ја скршат.

Ако не си заинтересиран да бидеш со неа на долг рок, откажи се, веднаш. Остави ја на мир и продолжи со некоја која сака забава.

Таа го заслужува најдоброто. Таа не заслужува повторно да и се скрши срцето. Таа заслужува маж кој ја гледа нејзината убавина и зад нејзините ѕидови и рани.

Таа заслужува маж кој паѓа на неа и знае дека ќе ја сака уште долго.

Таа заслужува некој кој ќе работи со неа и ќе сочувствува со целата болка низ која таа поминала.

И ако можеш да го направиш тоа, ќе ја освоиш девојката која ќе биде најдобрата жена која можеш да си ја замислиш.

Ќе сфатиш зошто секој маж кој и го скршил срцето посакал да се врати назад.

Ќе научиш колку убава и оптимистична можа да биде кога верува и кога ќе се отвори.

Ќе сфатиш зошто таа е една од најдобрите жени за сакање, затоа што таа знае како да ти ја возврати љубовта.

Тешко е да ја сакаш девојката која никогаш немала среќа во љубовта, но истовремено е едно од најисполнувачките чувства кои можеш да ги доживееш.