Како да ја пронајдете љубовта на вашиот живот?

И жените и мажите се жалат дека е многу тешко да се пронајде љубов, вистинска љубов. И вистина е, односите помеѓу мажите и жените не биле никогаш волку комплицирани. Но, за среќа има начини како да се олесни оваа борба и трка по вистинска љубов. Денес ви ги пренесуваме советите на експертите кои ќе ви помогнат да го промените вашиот статус за многу брзо време.

Можно е познанство на невозможни места

Трејси Стејнерг, љубовен експерт, вели: „Држете ги очите отворени и внимавајте на сите можности кои ви овозможуваат запознавање на квалитетни луѓе, а не само за време на ноќните излегувања.“

Не претпоставувајте дека не сте привлечни

И мажите и жените имаат проблем со несигурностите кога станува збор за физичкиот изглед. Тие мислат дека само затоа што биле фатени со несредена коса или чудни панталони, нема да привлечат никого. Тоа не е точно.

Ако самите себе не се поднесувате во одреден ден, не значи и дека останатите ќе мислат така. Напротив, баш тогаш можете некому да паднете во очи.

И жените можат да пријдат

Многу жени мислат дека е погрешно први да пријдат на некое машко. Но, тоа е сосема неточно. Кога жената прва ќе му пријде на мажот, тоа му дава знак дека таа има самодоверба, а нема ништо посекси од жена со самодоверба.

Олеснете го пристапот

Мажите се плашат од одбивања. Жените се плашат од одбивање. Ако делувате ладно, резервирано и арогантно, нема да ви пријде никој, без разлика на тоа дали сте маж или жена. За да го избегнете тоа, бидете попристапни. Носете насмевка на лицето, разменувајте погледи и имајте поопуштен говор на телото.

Заборавете на годините

Времињата се променети и годините повеќе не значат ништо. Жените денес изгледаат одлично и на 40 години, а се почесто раѓаат деца во доцните 30-ти и не е страшно ако до себе имаат помлад маж. Уживајте во животот и заборавете на годините. И своите и туѓите.

Експертот Мигел Алмарас вели: „Годините воопшто не се никаков проблем. Ни неговите, ни нејзините. Ова всушност се супер времиња.“

Излезете со личност која воопшто не е ваш тип

Понекогаш толку многу заглавуваме во некои наши шаблони и идеи за тоа каков треба да биде нашиот идеален тип, што не ни забележуваме момци и девојки кои едноставно не се вклопуват во нашиот идеал. Без разлика на тоа дали сте маж кој само сака русокоси или жена која сака високи момци, прифатете да излезете со личност која отскокнува од сите ваши претходни состаноци. Верувајте дека ќе се изненадите. Позитивно. Многумина токму вака ја имаат пронајдено љубовта на својот живот.