Како да ја препознаете ГМО храната во два чекори

На пазарот има разновидна понуда на домати, а нивниот квалитет зависи од начинот на одгледување. Неодамна стручњак од Заводот за молекуларна биологија на Институтот Руѓер Бошковиќ од Загреб, Хрвоје Фулгоси го разбил митот за ГМО доматите.

Тврди дека тие постојат, а оние без вкус на пазарот, вели, се лошо одгледани домати. Фрлете поглед на фотографијата и за секој случај, запомнете како да ги разликувате.

„Вистина е дела ГМО доматите биле први развиени, но сортата била безвкусна и била повлечена од пазарот уште во 90-тите. Доматите кои ги купувате се бевкусни затоа што се одгледувани без земја, изложени се на етилен за да можат побрзо да созреат“, објаснил Фулгоси.

Без оглед дали му верувате на овој стручњак или не, добро е да знаете како да ги избегнете лошо одгледаните безвкусни домати, без оглед дали се ГМО или н, или се третирани со секакви хемикалии. Затоа е важно да се знае ова:

За овошјето и зеленчукот кој се одгледани на вообичаениот начин (со вбризгување на хемикалии), шифрите на налепницит ќе се состојат од четири бројки.

Органски одгледаните плодови содржат шифра од пет бројки пред која се наоѓа бројот 9. Генетски модифицираните плодови имаат шифра од пет бројки пред кои се наоѓа бројот 8.

На пример:

Вообичаено одгледан домат би имал: 4011

Органски домат: 94011

Генетски модифициран: 84011

Добро е да се напомене дека без оглед на тврдењето дека одгледувањето на ГМО домати престанало, на интернет кружи фотографијата на која се гледа како да се разликува органскиот од ГМО доматот. Погледнете ја за секој случај.