Есента веќе дојде. Иако сега сеуште имаме убави сончеви денови, сепак ноќите се поладни. Грејната сезона веќе започна, а голем дел од граѓаните кои не се на централното греење веќе ги пуштија и печките за греење. Неизбежно тука е и зголемената потрошувачка на струја.

Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите на сметката за струја за претстојната зима.

Греење 

Греењето најмногу тежи на вашиот паричник. Еден од најефикасните начини да ја одржите саканата температура е добрата изолација. Тоа можеби е скапа инвестиција, но сигурно ќе ви се исплати во иднина.
Дополнителната термоизолација ќе ја намали потрошувачката за 25 до 60 проценти. Исто така, ако се греете на струја, изберете грејно тело со термостат.

Бојлер

За да заштедите топла вода, подесете го термостатот на болјерот на температура помеѓу 50 и 60 степени Целзиусови. Наместо да се бањате во полна када, туширајте се, бидејќи на тој начин се намалува потрошувачката на вода и струја. Од време на време, исчистете го болјерот од креч, бидејќи бигорот ја зголемува потрошувачката.

Машина за перење

Машината за перење обично троши 1-2 киловат-часа, а обично работи 3 часа. Ако ја вклучувате секој втор ден, месечно ќе потрошите од 45 до 90 киловат-часови. За да заштедите струја во процесот на перење алишта, вклучувајте ја машината после полноќ.

Фрижидер

Термостатот на фрижидерот наместете го на 3 или 5 степени. Избегнувајте да ставате топли тенџериња и редовно чистете го и отстранувајте го вишокот лед.

Шпорет

Една рингла на шпоретот троши 1.5 до 1.8 киловат-часови за 1 час работа, а греачот во рерната – од 2 до 4 киловат-часа. Садот во кој готвите гледајте да биде иста големина како ринглата и настојувајте да го поклопувате додека готвите. Ако ја користите рерната, термостатот мора да биде на максимум, но избегнувајте често да ја отварате вратата, бидејќи при секое отварање ја смалувате температурата за околу 15 степени.

Машина за перење

Перете ги садовите кога машината ќе се наполни, избегнувајте ги циклусите со висока температура (90 степени) и вклучувајте ја после полноќ.

Светло

Исклучувајте ги сјалиците кога излегувате од соба и не трошете електрична енергија залудно.

Електрични уреди

Практикувајте да ги исклучувате електричните уреди од штекер секогаш кога ќе завршите со употреба. Кога не го користите компјутерот  на пример, ставете ги во Sleep мод, бидејќи во спротивно, годишно трошат и до 1.100 киловат-часови.

Емагазин.мк