Како да ја избегнете главоболката од виното?

Декември и јануари се месеци на празнични дружења  и забави, а за многумина виното е најубавиот пијалок. Но, утрото често носи главоболка со која е навистина тешко да се справиме. За среќа, можеме да го избегнеме тоа.

Посегнете по медот

Медот содржи фруктоза, која може да помогне во метаболизирање на алкохолот во крвта. Ова е докажано во една од неодамнешните студии спроведени на Медицинскиот факултет Фујиан Во Кина. Затоа, следен пат кога малку ќе претерате со црвеното вино, посегнете по медот. Тоа ќе ве спаси од лошата главоболка.

Пијте повеќе вода

Алкохолот предизвикува дехидратација, а најдобриот начин за да ја спречина е водата. Пијте вода пред да пиете вино, додека пиете вино, а особено кога ќе се вратите дома по неколкуте испиени чаши. Особено следете го правилото за пиење 8 чаши вода дневно, доколку знаете дека ќе се забавувате во текот на вечерта.

Внимавајте какво вино пиете

Не би сакале да ве заморуваме секогаш да го избирате најдоброто и квалитетно вино на менито, но навистина внимателно избирајте меѓу понудените опции. Доколку подеднакво го сакате црвеното и белото вино, тогаш секогаш избирајте го белото, кое е вино со помалку танин, кој е еден од главните предизвикувачи на главоболката.

Внимавајте колку пиете

Уште еден совет кој не сакате да го прочитате, но имајте предвид дека некогаш само ја држите чашата во рака и пиете и пиете, а потоа се мразите себеси изутрина. Внимавајте колку пиете, но внимавајте и да не пиете гладни.